Фитнес Храна

10 едноставни начини да ги скратите НЕПОТРЕБНИТЕ калории од исхраната!

Напишано од Пјер

Во западните земји, поголемиот дел од популацијата е со прекумерна телесна тежина. Намалување на вишокот килограми е еден од најголемите предизвици за секоја индивидуа која има проблем со тоа. Всушност, статистички 95% од диетите се неуспешни. Оние кои почнуваат ентузизијастички во новата година, брзо завршуваат до почетокот на март.

Но, намалувањето на килограми може и да е поедноставно од што мислите доколку ги следите овие едноставни совети како да ги намалите непотребните калории од храната која што ја конзумирате секојдневно.

1. КОРИСТЕТЕ НИСКОКАЛОРИЧНИ ПРЕЛИВИ

Многу често се случува да мислиме дека јадеме здрав оброк, а тоа воопшто да не е така. Земете ја салатата во ресторан за пример. Може да е полна со нутритивно богатите зеленчуци, а сепак да е покриена со полномасни, кремасти и шеќерни дресинзи. Дресинзи како што е кечапот, преливите, сос за скара и мајонезот може да додадат и по 100тина калории по оброк! И на крај, салатата нема да биде баш здрава. Користењето на нискокалорични преливи како што е сенфот, кечап со редуциран шеќер, доматен сос и слично ќе ви даде одличен вкус а сепак нема да внесете многу калории.

Healthy-Cobb-Salad-with-Yogurt-Ranch-Dressing-13

2. ПИЈТЕ ПОВЕЌЕ ВОДА

Жедта често е помешана со гладот. Кога телото е прилично дехидрирано, мозокот ги чувствува сигналите и ги прима како глад. Круцијално е да конзумирате доволно вода кога сте на редуциран калориски внес за да го превенирате ова од случување. Пиењето на една чаша пред секој оброк исто така ќе превенира да се прејадете.

drink-water-bench-press_0

3. КОНЗУМИРАЈТЕ ЦРНО КАФЕ

Кафето, кога се конзумира во најчистата форма содржи само 5 калории по шолја! Додадете пена или крем и неколку лажички шеќер и сето тоа е веќе друга приказна. На крајот, вашето кафе може да содржи повеќе калории и од вашиот појадок. Пиењето на нес кафе лате со цигара наутро може да биде вашиот главен непријател на диетата. Пијте си го кафето чисто. Вашиот струк ќе ви се заблагодари.

weights-and-coffee

4. ЛИМИТИРАЈТЕ ГО ВНЕСОТ НА АЛКОХОЛ

Одлучивте да искочите и да се напијате неколку чашки. Неколку се претворија во повеќе и пред да сфатите, сте испиле повеќе од што треба, видикот ви е поматен и седите кај некој пријател дома и јадете пица. Секоја чаша алкохол која што ја конзумирате содржи околу 100 калории, дали е тоа пиво, вино или некој шот. Ако навистина сакате да ги намалите килограмите, елиминирањето на алкохолот е одличен почеток на тој процес.

beer_muscle

5. КОНТРОЛИРАЈТЕ ЈА ГОЛЕМИНАТА НА ПОРЦИИТЕ

Знаете како викаат..големи чинии значат едно нешто – големи оброци. Наместо да ја земете најголемата чинија која има потенцијал да биде преполнета, земете ја најмалата. Вратете се повторно за уште малку ако сте гладни. Поголеми шанси има да изедете повеќе ако пред вас гледате повеќе, а тоа доведува до прејаденост, и крајниот исход е зголемување на несакани килограми. Фокусирајте се на квалитетот на храната во чинијата, не на квантитетот.

how-to-gain-weight-fast-9

6. НЕ ЈАДЕТЕ ОД КУТИЈА ИЛИ КЕСИЧКА

Чипс, крекери, колачи – сите се спакувани во поголеми паковања за да траат повеќе време. Како и да е, ако седите и ја гледате новата епизода од омилената серија, постои голема шанса да се занесете. Да го избегнете прејадувањето, ставете неколку во чинијата и тргнете ја кесата на страна. Може да спасите стотици калории со тоа што само ќе ја тргнете на страна кесата.

cc34fk

7. НАМАЛЕТЕ ГО КОРИСТЕЊЕТО НА МАСЛО ИЛИ ПУТЕР ДОДЕКА ГОТВИТЕ

Многу рецепти вклучуваат масло за готвење. Само една супена лажина од масло може да содржи 200 калории и околу 16 грама масти. Четвртина од вашата дневна потреба за масти ќе ја конзумирате уште и пред да почнете да јадете. Користете маслиново масло во помала количина.

slide_371156_4288766_free

8. КОНЗУМИРАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗЕЛЕНЧУК

Зеленчукот е нискокалорична богата храна со микронутриенти. Високата содржина на фибриди ќе ви го пополни желудникот без голем број на калории. Исхраната која е богата со зеленчук превенира од срцеви болести, срцев удар и висок крвен притисок. Пополнете пола од вашата чинија со зеленчук. Бидете сити без грижа на совест.

woman-vegetables-dumbbell.ActiveLife

9. ЧИТАЈТЕ ГИ НУТРИТИВНИТЕ ТАБЛИЦИ

Луѓето забораваат да ги читаат нутритивните таблици на кутиите и нивните дози. Кутијата чипс може да вели дека има 100 калории, но тоа да биде од порција од 10 парченца мали. Погрешно читање на овие таблици може да доведе да конзумирате повеќе калории од што сакате или треба. Читајте ги таблиците и правете добри избори со храната.

nutrition-facts-label

10. НЕ ГИ ПИЈТЕ ВАШИТЕ КАЛОРИИ

Најпопуларните газирани пијалоци се непријател број 1 за вишокот килограми. Кока кола, “здравите џусеви”, леден чај па дури и млекото се полни со непотребни калории. Само една чаша кока кола има 200 калории кои се главно од шеќер. Ако собереме во текот на една година, конзумирањето на 1 чаша кока кола може да доведе до 8 килограми вишок! Пиењето на калориите не доведува до заситување како што може да доведе јадењето на храната, така што повторно ќе бидете гладни. Гледајте да конзумирате минимално вакви пијалоци. Придржувајте се со пијалоци без шеќер и вода.

dont-drink-calories

За авторот

Пјер