Бизнис совети

10 работи од градинка кои важат и во бизнисот

Напишано од Пјер

Стара поговорка вели „учиш додека си жив“. Меѓутоа, некои животно важни работи се учат уште во раното детство. Блогот The Fast Track претставува 10 нешта кои важат за работата и работното опкружување, а се раскажани од перспектива на детето.

– Секогаш обиди се да направиш нешто сам пред да ја прашаш учителката.

– Треба да го покажеш она што го знаеш.

– Може да станеш добар во нешто единствено ако вежбаш.

– Не е добро да бидеш злобен кон некој, дури и кога учителката не те гледа.

– Добро е да читаш со постарите деца.

– Се што читаш не е вистина.

– Слушај додека другите деца зборуваат.

– Постојат многу работи кои треба да ги научиш.

– Лошо е ако ја пишуваш домашната задача во последен момент.

– Луѓето не сакат да слушаат колку си паметен, сакаат да слушаат колку се тие паметни.

За авторот

Пјер