Кариера

10 реченици кои интелигентните луѓе секојдневно ги изговараат

Напишано од Нино

Интелигенцијата не се покажува само со знаењето на премногу важни и неважни податоци. Интелигентните луѓе се истакнуваат и со активната потрага за дополнително знаење, а имаат и полно почитување како кон себе, така и кон другите. Тие знаат дека успехот се темели на постапките, кои пак, настануваат од мислите.

Затоа зборовите кои сами ги говорите се исклучително важни.

1. Ако тоа никој несака да го направи, тогаш ќе го направам јас.

Најдобриот начин да се истакнете е да направите нешто што никој друг не сака, бидејќи е претешко. На тој начин, освен тоа, ќе добиете и вредно знаење.

2. Тоа не беше така лошо

Секој губиток е прилика да се научи нешто ново и да се надминат препреките и тешкотиите. Проблемите се неизбежни, затоа треба да ги решавате со леснотија.

3. Иако денес не можам се да завршам, барем ќе започнам

Плановите немаат баш никаква вредност, ако постојано ја одложувате нивната реализација. Но доколку денес направите само мал чекор напред, утре ќе ви биде полесно да продолжите.

4. Помалку приказни повеќе работа

Луѓето кои многу зборуваат за своите успеси всушност се залажуваат мислејќи дека тоа ги прави успешни. Подобро е да работите без премногу бука и да пуштите делата да говорат наместо вас.

5. Мислењето на странците не смее да ме вознемири

Се работи за вашиот живот, па вие сами избирате по кој пат ќе тргнете. Можете да ги слушате блиските луѓе, но ни тоа не би требало пречесто да го правите.

6. Е, сега ќе видиш!

Понекогаш само лутината мотивира на работа. Можеби е детинесто, но навистина е така.

7. Иако мојот изум не е совршен, сосема ми одговара

Перфекционизмот може да ја спечи вашата фантазија и креативност. Важно е да не се случи тоа. Одработете ја работата најдобро што можете и опуштете се.

8. Секогаш може подобро

Доколку нешто добро сте сработиле, не застанувајте на тоа. Секогаш мислете како нешто може да се унапреди.

9. Не се плашам на некого искрено да му се заблагодарам

Оние кои се благодарни живеат подолго. Сепак, немојте да кажувате само онака „фала“, туку бидете искрено благодарни.

10. Што повеќе се обидувам, толку подобро ми оди

Често откриваме дека не сме премногу талентирани во бројни полиња. Но не е се во талентот. Трудот кога-тогаш ќе ве доведе до успехот.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)