Бизнис совети

10 совети за добро пишување од Дејвид Огилви

Напишано од Пјер

Без оглед што никогаш не завршил колеџ, Дејвид Огилви имал дарба да пишува убаво. Едно време дури подавал и садови, и тоа од врата до врата. Неговиот работодавец забeлежал колку е добар во тоа и побарал да напише инструкции за другите продавачи.

„Fortune“ магазинот ги нарече „Веројатно најдобрите инструкции некогаш напишани“.

Огилви подоцна дошол до позицијата менаџер во лондонската маркетинг агеција „Mather & Crowther“, каде работел неговиот постар брат. Имигрирал во Америка и во 1948 година ја основал агенцијата „Hewitt, Ogilvy, Benson & Mather“ во Њујорк. Компанијата подоцна станала „Ogilvy & Mather Worldwide“, една од најголемите маркетинг агенции на светот. Останатото е историја.

Дејвид Огилви во 1982 година направил некаков вид на правилиник за пишување, кој е актуелен и ден-денес. Доброто пишување не е природна дарба. Потребно е да научиме како да пишуваме подобро, вели тој.

1. Пишувај како што зборуваш, природно.

2. Користи кратки зборови, кратки реченици и кратки параграфи.

3. Никогаш не користи жаргон (без оглед дали тоа е „урбан“ јазик или речник врзан само за одредена професија). Тоа се обележја на претенциозни лица.

4. Никогаш немој да пишуваш повеќе од две страни на било која тема.

5. Провери ги цитатите

6. Никогаш немој да испратиш писмо или меморандум истиот ден кога ќе го напишеш. Почитај го на глас следното утро – и тогаш уште еднаш уреди го текстот.

7. Ако нешто е важно, и колегите нека учествуваат во тоа, за да биде што подобро.

8. Пред да го испратиш писмото или меморандумот, биди сигурен дека е кристално јасно она што сакаш да го направи примателот.

9. Ако сакаш АКЦИЈА не пишувај. Оди директно и кажи што сакаш од некого.

10. Прочитај ја книгата „„Writing That Works; How to Communicate Effectively In Business““. Прочитај ја три пати!

За авторот

Пјер