Бизнис совети

10 совети за оние кои сакаат да започнат свој бизнис

Напишано од martin

Започнувањето на сопствен бизнис за многумина е сон, но претварањето на тој сон во профитабилна реалност е нешто што не можат сите да го издржат. Во светот не постои некој специјален рецепт за успех, но има некои работи кои се од круцијално значење за да успеете во бизнисот кој што сте го замислиле.

Сакајте го тоа што го работите

Ако само парите се единственото нешто што ве тера да излезете надвор секое утро, мала е веројатноста да го продолжите тој пат. Но, ако сте страствени кон тоа што го правите, тогаш крајните резултати ќе бидат многу подобри.

Направете го чекорот во вистинско време

Рим не бил изграден за еден ден. За секој успех, потребно е време. Ако се обидете да направите премногу за кратко време, вие постојано ќе се разочарувате, бидејќи не ги исполнувате своите очекувања.

Треба да знаете каде одите

Има луѓе кои ги прават работите бавно и стабилно, а има и од оние кои немаат амбиции. Не спаѓајте во втората категорија. Тие мали чекори треба да ве водат до вашата крајна цел.

Користете ги луѓето околу вас

Не се обидувајте да направите нешто целосно сами, опкружете се со сигурен тим, а потоа бидете подготвени да ги слушате нивните совети. Гледајте ги вашите пријатели, бизнис партнери, како дел од алатката за успех.

Бидете отворени во размислувањата

Работите ретко се случуваат како што очекуваме. Околностите се менуваат, а успешниот претприемач мора да биде подготвен да реагира соодветно на нив, наместо да остане цврсто фиксиран на застарен план на дејствување.

Не се плашете од неуспехот

Спред Марк Цукерберг, најголемиот ризик е воопшто да не ризикувате. Превземањето ризик и целосната одговорност за можните последици се дел од ваквите патувања.

Прифатете дека треба да правите жртви

Започнувањето на свој бизнис не е работа со скратено време. Потребното време може да ви скрати од сите области од вашиот живот. Од вашето хоби, до вашите врски. Бидете спремни за тоа, и трошете го скапоценото време што го имате за она што (и кој) навистина го цените.

Не се задоволувајте со било што

Оној кој се задоволува со второт место, никогаш нема да напише историја. Негувајте го натпреварувачкиот дух, задржете се на првото место и искористете го успехот на другите за да ве мотивираат да продолжите понатаму.

Држете се до принципите

Бидете реални, но не по цена да го фрлате вашиот морал. Говорете со вашиот ум кога е потребно и извршувајте го вашиот збор. Тоа значи дека темелите на вашиот бизнис ќе останат силни во периодот кога е тешко.

Ставете ги парите во вашата уста

Неверојатни идеи не е толку тешко да се појават, но луѓето кои се спремни да ги остварат се.

За авторот

martin