Фитнес

10 совети за УСПЕШНО водење на здрав начин на живот!

Напишано од Пјер

Многумина се трудат да јадат онака како што треба, некои за да ги симнат неколкуте килограми кои ги ставиле за време на празниците, некои за да имаат стомачни за на плажа во лето. Јадењето на правилна храна е прилично тешко, и затоа многу луѓе се фруструраат, брзо им здосадува и се откажуваат. Еве некои клучни точки кои ќе ви помогнат да се храните како што треба

 

  1. ПОСТАВЕТЕ ЦЕЛИ

Поставете цели – се почнува од тоа да имате јасни и реални цели. Напишете ги на лист работите кои сакате да ги смените во вашата диета. Исто така запишете цели кои сакате да ги имате, независно како изгледате и според тоа модифицирајте ја вашата диета. Најдобро е да се постават моментални , краткотрајни и долготрајни цели. Ако пробате се од еднаш да направите, може да ви дојде многу и да се откажете набргу. Постигнувајте една по една цел постепено, еден по еден ден, ова не е трка. Исто така може да ги запишете причините зашто сакате да ги смените вашите навики во јадењето. Може да ги споделите вашите цели со други кои мислите ќе ви помогнат да ги постигнете. Може да ги поставите вашите цели (на фрижидер, на работа) за да ве мотивира повеќе. Како што ги постигнувате целите, обележувајте ги.  Ова ќе ви даде чувство дека сте постигнале нешто, и ќе бидете уште повеќе возбудени за да ја постигнете следната цел.

  1. ИМАЈТЕ РЕАЛНИ ОЧЕКУВАЊА

 Секој режим на исхрана треба да делува за вас, не против вас. Треба да бидете реални кога ги поставувате параметрите на диетата. Планот треба да работи за вас и за вашата моментална ситуација. Треба да биде соодветен за вашиот распоред и буџет. Ако не го следите вашиот буџет, вашите трошоци околу храната ќе бидат многу високи и ќе треба да се повлечете од диетата што ја подготвувате. Ако не готвите според вашиот распоред и според времето кога може да јадете, ќе се доведете во ситуација без храна и барајќи соодветни “здрави’ замени. Затоа бидете реални со време, и дадете си додатно време да си ја подготвите храната предвремено. Исто така треба да знаете дека пречки ќе ви се појават на патот од време на време, за да го успорат вашиот прогрес, затоа немој да мислите дека се ќе биде лесно и дека туку така ќе се случи. Ова бара сериозна работа.

  1. БИДЕТЕ ПРОАКТИВНИ

 Направете листа на омилената здрава храна во која уживате, и кои видови на храна може да ги понесете на работа, во колата, во училиште итн. Може да направите различни менија , каде ќе бидете во тој дел од денот кога треба одредена храна да јадете. Никогаш не си барајте изговори кога треба да го имате вашиот оброк. Секогаш имајте здрава храна при рака. Ако немате, во спротивно ќе јадете што ви се најде прво, дали тоа ќе биде нешто слатко, брза храна или слично. Ова може да ве отрфли од траката и да ви направи навика да јадете брзи алтернативи на храна. Знајте каде ќе бидете во тој дел од денот, кога сте слободни да готвите, пазарувате и планирајте постапно. Кога не успевате да планирате, вие планирате да неуспеете.

  1. КОНСТАТНОСТА Е КЛУЧОТ ЗА УСПЕХ

 Многумина луѓе  се констатни кога станува збор за диета, но има голем дел кои го забораваат овој битен елемент. Направете плат и држете се до него. Пробајте да јадете во истото време секој ден, и истата калориска обемност на оброците. Вашето тело ќе го препознае овој начин  ќе го забрза вашиот метаболизам и нивоата на енергија ќе бидат на високо ниво. Ќе се чувствувате подобро и ќе влезете во здрава рутина. Лесно е да се саботирате самите себе земајќи нешто благо само поради неуспешното контролирање на моменталните емоционални кризи. Времето што го поминувате во планирање и константност е вистинска долготрајна инвестиција и ќе ве служи до крајот на животот.

  1. БИДЕТЕ ФЛЕКСИБИЛНИ

Секако, дури и најдобрите режими на исхрана некогаш потфрлуваат.  Некогаш вашите рутини за јадење треба да се сменат. Кога можете, пробајте да испланирате однапред и да предвидите за оние настани каде што ќе бидете за да понесете храна за да може да јадете кога сте во брзање. На пример – паќетче бадеми, протеински чоколатца и шејкови, свежо овошје. Исто така едуцирајте се за исхраната преку интернет, книги и магазини. Со ова знаење може да научите и импровизирате за да откриете која храна може соодветно да ја вметнете во вашата диета, на пример кога сте надвор со пријатели или немате време да готвите. Најдете производи кои одземаат помалку време за јадење, за да може да ги понесете кога сте во брзање.

  1. НЕ БИДЕТЕ ПРЕСТРОГИ КОН СЕБЕ

Немојте да бидете престроги кон себе – никој не е перфектен цело време. Ако нешто измешате, пропуштите неколку оброци или имате неколку лоши денови, само соземете се и продолжете. Ова го правите за себеси, и додатен стрес поради не доживувајќи ги очекуваните моментални резултати може да водат до долготраен неуспех во вашата диета. Да бидете здрави и да се храните здраво не значи дека неможе да уживате повремено во храна која не е во вашата диета – напротив.

  1. ДРЖЕТЕ СЕ ДО ВАШИОТ ПЛАН

 Држете се до својот план – потребно е време да стекнете здрави навики. После еден месец јадејќи констатно, ќе создадете навика. Ќе сфатите дека  сите имаат лоши денови од време на време  и тоа ќе ви биде нормален дел од животот.

  1. ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ

Јадењето правилна храна бара посветеност, труд и пожртвуваност. Немојте да се нервирате поради мали пречки на патот. Ја имате таа моќ да ја претворите секоја негатива во позитива, и имате избор да гледате позитивно на секоја случка независно како таа изгледа. Најдете забавни начини да се мотивирате. Вклучете ги вашите пријатели или семејството. Поставете предизвици во домот, или со пријателите или на работното место за да јадете поздраво. Дајте си време да готвите нови и неиспробани рецепти. Правите промени за подобро – па зашто тоа да не биде забавно.

  1. ДАЈТЕ СИ СЕБЕСИ ПОФАЛБИ

Не сте куче за да се наградувате со храна. Знајте дека менувањето на навиките за јадење може да бидат тешки за секого. Само помислете колку долго сте ги имале старите лоши навики, и сфатете дека нема да може да ги смените преку ноќ, но ќе ги смените со тек на време. “Честитајте си” самите на себе со секој здрав избор што ќе го направите, го заслужувате тоа. Самопофалбите ја градат самодовербата и ве прават да се осеќате убаво околу здравите избори што ги правите, и тоа ќе ве одржува на патот за самоподобрување.

  1. НЕ БРЗАЈТЕ – НЕМА СКРАТЕН ПАТ

Немојте да брзате – често луѓето стартуваат со многу намери и сакаат се од еднаш да постигнат.  Тие се обземаат со многу работи, и набрзо се откажуваат па дури и пред да почнат. Додавањето на мали промени може навистина да направат голема разлика. Работете на една моментална работа и постојано додавајте нешто помало. Преда да сфатите, ќе видите дека имате многу здрави навики кои се поистоветуваат меѓусебно  за да ви направат здрав стил на живот и поздрава и повесела личност.

MarioFit

За авторот

Пјер