Uncategorized Интервјуа

10 стилските правила на креативниот директор на Lacoste – Felipe Oliveira Baptista

Напишано од Нино

Felipe тукушто ги дизајнираше стајлингот на Францускиот Олимписти тип, и во истовреме реши да сподели неколку правила во поглед неговото дефинирање на стилот. Португалецот со право е водечко лице на Lacoste –

Секогаш имајте парчиња облека со вистинска цел, без разлика дали збориме за спортскиот или бизнис стилот

Моменталниот тренд на миксање на спортската и елегантната (tailoring) мода ме прави среќен. И плус мислам дека ова не е тренд, ова ќе продожни да важи и понатаму

Доколку ми гори куќата, и морам да спасам само едно парче облека, тоа ќе биде мојот омилен trench капут

Секој маж мора да има барем еден пар бели панталони и една бела клот маичка. Keep it simple

Една работа која ме вади од кожа е носењето на поло маичка со крената крагна

На нозете обожавам да носам минималистчки едноставни патики

Што ме инспирира? Уметноста. Приказните. До утре би набројувал

Најдобриот дел од мојата работа е почетокот на денот каде се е отворено и се е возможно. А крајот е само шлаг на тортата

Најомилен период за добар стајлинг ми е зимата, особено деновите кога врне дожд

Мој совет е да бидете свои, и да се водите по вашиот инстикт и нештата во кои се осеќате удобно и со високо ниво на самодоверба

felipe_oliveira_baptista_65_20131027_1554725843

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)