Водич за патување

12 лускузни дестинации за 12 месеци – каде да патувате оваа година?

Напишано од martin

На светов може да се најдат голем број на убави места кои вреди да се видат. Без разлика дали имсте листа на дестинации кои сакате да ги посетите или не, секако дека постои начин да ги почуствувате дел од најубавите дестинации.

Јануари – посета на дивите слонови во Тајланд

Јануари е најладниот и најусвиот месец во Тајланд, па тогаш е најдоброто време за да ги видите слоновите, бидејќи тие се во потрага по храна и вода. Ви предложуваме да го посетите Kui Buri националниот парк, бидејќи тука имате најмногу шанси да ги видите слоновите.

Фебруари – посета на горили во Руанди

Руанда е една од најатрактивните дестинации во Африка. Оваа локација е доста атрактивна пред се поради огромниот број на горлили кои може да се видат.

Март – уживајте на јужните плажи во Тасманија

Ако ја посетите Тасманија во овој месец, ќе имате можност да го видите најдоброто можно сценарио кое природата може да го понуди.

Април – доживејте го расцветаниот Бутан

Месецот Април за местото Бутан е идеален. Времето е суво, со температури кои се во постојан пораст. Во ова време боите ја исполнуваат цела долина Бутан.

Мај – посета на риралниот дел на Кина

Провинцијата Јунан, која е сместена во Југозападниот дел на Кина е идеалното место за почеток на вашата авантура. Ова место ви нуди правилно кинеско искуство, далеку од модерните градови, со единствена култура, преубави пејзажи и вистинскиот кинески рурален живот.

Јуни – откријте ја историјата на Белфаст

Оваа година се одбележува 20 годишнината од потпишувањето на мирвниот договор во Белфаст. За историјата на ова место, е имате можност да дознаете директно до староседелците. Ако сте љубител на серијата Игра на Тронови, посетите ја локацијата на снимање.

Јули – посета на манастирите во Индија

Ладах е индиски град, кој е идеално место за месецот Јули, поради толото време и Хималаите во позадина. Место каде што ќе успеете да ја истражите тибетската култура и бројните манастири.

Август – јагуарите во Бразил

Дали сте слушнале за местот Пантанал? Тоа е амазонско мочуриште во јужниот дел на Бразил каде што може да се видат јагуари.

Септември – пронајдетет ги скриените знаменитости на Перу

Во овој месец, во Перу паѓа многу малку дожд. Ако се одлучите за оваа дестинација, ќе треба да го посетите Кеулап, малку позната тврдина со монументални аспекти. Оваа структура за прв пат е видена во 1843 година.

Октомври – индонезиските острови

Популарноста на источно Бали ќе биде во огромен пораст оваа година. Во градот Кандидаса, ве очекува цел асортиман на лускузни апартмани.

Ноември – сафари на Танзанија

Западна Танзанија е одлична за оние искусни патувачи. Катави националниот парк ви нуди неверојатна блискост до дивината. Кратките дождови во овој месец ќе ви овозможат повеќе да видите.

Декември – посетете го крајот на светот, Птагонија

Станува збор за дестинација која се наоѓа помеѓу Аргентина и Чиле. Тука има места кои ги посетуваат само околу 1000 туристи годишно. Ќе имате можност да ја истражите неверојатната природа на Патагонија, Ainsvort заливите, Pia глечерот, како и Vualaia заливот.

За авторот

martin