Бизнис совети

13 навики на успешните и богатите луѓе

Напишано од martin

Томас Корли е лик кој веќе 5 години, активно следел и истражувал 177 богаташи, кои до своето богатсво дошле сами. Во неговото истражување открил како секојдневните навики диктираат колку ќе бидете успешен или неуспешен во животот. Навиките сите ние ги имаме поради богатсвото, среќата, сиромаштијата, тагата, стресот, доброто или лошо здравје.

Редовно читаат

88 % од богатите луѓе читаат барем 30 минути во денот. Читаат за да стекнат уште повеќе знаење и да го задржат она што го имаат.

Вежбаат

Дури 86 % од богатите луѓе вежбаат барем 30 минути во денот. Кардио вежбите освен за телото, добри се и за мозокот.

Се дружат со други успешни луѓе

Богатите луѓе секогаш се дружат со поединци кои што имаат некоја цел и имаат позитивен ментален склоп.

Не се откажуваат од својата цел

Спроведувањето на сопствените цели носи огромна доза на задоволство и резултира со акумулација на богатството.

Рано стануваат

50 % од милионерите се будат барем 3 часа порано од нивното работно време. Тоа е стратегија за решавање на дневните промени на кои што не може да се влијае, како што се предолги состаноци и работи кои влијаат на дневниот распоред.

Имаат повеќе извори на приходи

Оние кои што се самовработени милионери, не се потпираат само на еден извор на приходи.

Имаат ментори

Менторите позитивно влијаат на вас. Тие редовно и активно споделуваат нивни искуства и ве советуваат што треба, а што не треба да правите. Ви даваат лекции за животот, кои они ги научиле на потежок начин.

Позитивни се

Успехот може да го постигнете само ако позитивно гледате на работите. Во сите негови истражувања, позитивноста е една од главните точки за успехот.

Не се водат по останатите

Сите луѓе сакаат да се вклопат во општеството, а тоа е погрешен пристап. Успешните луѓе создаваат свое општество. Затоа секогаш гледајте да се одвоите од стандардното опшество.

Пристојни се

Успешните и богати луѓе имаат навики кои мора да ги следите. Тоа значи испраќање на благодарница, честитки за роденден или некој друг успех. Пристојно се однесуваат на маса и секогаш почитуваат одреден дрес код.

Помагаат на другите да успеат

Никој не го направил успехот без тим. Најдобар начин да направите успешен тим е да им помогнете да на другите. Фокусирајте се на оние кои се борат за успех, кои се позитивни и инспираивни луѓе.

15 до 30 минути на денот размислуваат

Размислувањето е клучот за успехот. Богатите и успешните имаат навика да размилсуваат изолирано. Ги контролираат своите мисли и најчесто издвојуваат 15 минути во раните утрински часови. Темите се кариера, финасии, здравје, љубов и слично.

Бараат повратни информации

Стравот од критиката е најчесто причината поради која не бараме критика. Меѓутоа повратните информации се важни за работата. Добрите и лошите критики се клучот за учење и раст.

 

За авторот

martin