Uncategorized Интервјуа

13 трик прашањата од интервјуто за работа во Фејсбук

Напишано од Нино

За нова работа се почесто не се доволни само знаењето и искуството, туку е потребна и посебна снаодливост и имагинација.

Компаниите се почесто се обидуваат на поинаков начин да се запознаат со квалитетите на потенцијалните вработени. Ова се трик прашањата кои ќе ви ги постават на интервјуто за работа во Фејсбук.

– Дали мислите дека Фејсбук би требало да биде достапен во Кина? – User Operations Analyst

– Колку роденденски постови се појавиле на Фејсбук овој ден (денот кога сте на интервјуто) – Data Scientist.

– Опишете ни како работи сајтот – Technical Project Manager.

– Колку пари се потрошени на интернет?- Account Manager.

– Како би дизајнирале еден далечински ТВ управувач? – Product Designer.

– Како вие би организирале интервју во оваа просторија? – Content Producer.

– Колку Big Mac продава McDonald’s во Америка секоја година? – Data Scientist.

– Како би направиле Фејсбук за слепи? – Product Manager.

– Кој е вашиот план за акција доколку видите дека поставувањето на слики на Фејсбук се намалило за 50% – Operations Associate User Intelligence.

– Кога би можеле да бидете животно, кое би биле и зошто? – User Operations Analyst.

– На што сте најмалку горди во вашата деловна биографија? – Media Solutions Specialist.

– Да имате пристап до сите информации на Фејсбук, што би направиле? – Product Analytics.

– Кои чекори би ги преземале за да пронајдете лажен профил? – User Operations Analyst.

Denar.mk

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)