Храна

15 видови на храна со висока содржина на протеини

Напишано од Пјер

Без разлика каква исхрана практикувате, протеините се неизбежни макронутриенти ако сакате да го одржите вашето здравје, да го контролирате апетитот и да обезбедите храна за мускулниот систем. За полесно да го постигнете посакуваниот дневен внес на овие макронутриенти, во продолжение следи листа од 15 видови на храна кои имаат висока содржина на протеини.

1. Леќа

Содржина на протеини: 9гр во 100 грама

Леќата е одличен извор на протеини, но и растителни влакна и минерали. Нејзина дополнителна предност е ниската цена и брзата и лесна подотовка.

2. Грав

Содржина на протеини: 20гр во 1 шолја

Гравот е исто така евтина, но многу здрава храна. Полн е со протеини и растителни влакна – во една шолја има до 13 грама. Исто така е извор на калциум, железо, магнезиум и витамин Б6.

3. Грашак

Содржина на протеини: 7гр во една шолја

Овој мешункаст зеленчук треба што е можно почесто да го вклучувате во вашата исхрана. Покрај протеините, содржи и висока количина на витамин Ц, витамин А, витамин Б6, магнезиум, железо и растителни влакна, со што може да ви помогне во справувањето со апетитот.

4. Брокула

Содржина на протеини: 3гр во 100 грама

Брокулите се богати со многу витамини како А, Ц, К, Б, како и минерали – железо, калциум, калиум, магнезиум и цинк. Освен што ќе го зголемат вашиот дневен внес на протеини, ќе ви помогнат во зајакнувањето на имунитетот и одржувањето на кардиоваскуларниот и коскениот систем. Уште една позитивна страна на брокулата е ниската калориска вредност – 100 грама брокула содржи само 28 калории.

содржина на протеини - брокула

5. Пилешки гради

Содржина на протеини: 24гр во парче од 85 грама

Пилешките гради се со добра причина основа во исхраната на многу спортисти коишто се занимаваат со фитнес и бодибилдинг. Богати се со протеини, а имаат пониска количина на масти од другите видови на месо. Можете да ги комбинирате со многу различни видови на зеленчук и зачини за да обезбедите разноличност на вкусови во вашите оброци.

6. Печени мисиркини гради

Содржина на протеини: 18гр во парче од 85 грама

Мисиркините гради се речиси чист протеин за градење на мускулна маса заради екстремно ниската содржина на масти. Освен тоа што е здраво, голема предност на ова месо е и неговиот одличен вкус.

7. Туна

Содржина на протеини: 25гр во 85 грама

Туната содржи висококвалитетен и лесно дигестивен протеин. Исто така содржи голема количина на Б витамини и селен кој е одличен антиоксиданс.

8. Сардини

Содржина на протеини: 21гр во 85 грама

Конзерва сардини може да биде добар оброк за зголемување на дневниот внес на протеини, но и на омега 3 масни киселини и витамин Д. Можете да ги комбинирате со варени компири или карфиол за да го ублажите силниот вкус.

9. Јајца

Содржина на протеини: 6гр во 1 големо јајце

Јајцата се извонредна храна за мускулите бидејќи се полни со аминокиселини со разгранет ланец (БЦАА). Евтини се, можете да ги најдете во секое време и да ги подготвите на различни начини.

содржина на протеини - јајца

10. Путер од кикирики

Содржина на протеини: 8гр во 2 лажици

Здрав додаток кој можете да го комбинирате со различна храна а е полн со протеини. Внимавајте само на содржината на шеќери. Најдобро е да побарате природен путер кој е направен исклучиво од кикирики или да го подготвите сами.

11. Урда

Содржина на протеини: 14гр во ½ шолја

Урдата е одличен избор за вечерен оброк. Содржи голема количина на казеин, млечен протеин кој се вари многу поспоро од whey протеинот, што ѝ дава 2 предности на ваквата вечера – ги храни мускулите преку цела ноќ и спречува појава на „напади“ на глад доцна навечер.

12. Павлака

Содржина на протеини: 23гр во 200 грама

Павлаката е позната по високата содржина на протеини, има 2 пати повеќе протеини од другите млечни производи, но исто така е богата со калциум и пробиотски бактерии кои се одлични за одржување на здравјето на цревата. При изборот на павлака треба да внимавате само на процентот на масленост.

13. Мешавина од јаткасти плодови

Содржина на протеини: 6гр во 50 грама

Ако сакате да додадете протеини и здрави масти со одличен вкус во вашата исхрана, мешавина од кикирики, индиски ореви и бадеми е одличен избор за вас. Само трудете се да ги јадете несолени и внимавајте на количината.

содржина на протеини - јаткасти плодови
14. Пченични снегулки

Содржина на протеини: 6гр во 30 грама

Пченичните снегулки се богати со нутриенти и со растителни протеини. Можете да ги користите како додаток во овесна каша, во палачинки и протеински шејкови.

15. Киноа

Содржина на протеини: 8гр во 1 шолја

Киноата е полна со есенцијални аминокиселини, што ја прави комплетен протеин кој помага во градењето на мускулна маса. Можете да ја комбинирате со различни видови на храна.

Дневниот внес на протеини треба секогаш да биде во вашиот фокус ако сакате да го промените или да го одржувате вашиот изглед и сооднос на мускулна маса и телесни масти. Но, секојдневното исполнување на препорачаната количина не е баш лесна задача. За оваа цел може да ви помогне whey протеинот во облик на додаток во исхраната како еден од најчистите извори на овој макронутриент. Во просек содржи 24 грама протеин по доза и сѐ што ви треба за негова подготовка е шејкер и вода. Можете да го користите како ужина, како оброк после тренинг или во комбинација со друга храна.

За авторот

Пјер