Кариера

17 инспиративни цитати за животот од Ричард Бренсон

branson6
Напишано од Хонг

Што да напишеме за Ричард Бренсон, што повеќемината не го знаат. Олицетворение на успешниот претприемач, инспиративен и бестрашен лидер.

Сајтот „Bright Side“ ги собра неговите најголеми цитати за животот. Дневна доза на инспирација на едно место.

1. Ако сте претприемач и никогаш не сте направиле грешка, тогаш не сте навистина претприемач.

2. Гордоста никогаш не ме спречува да препознаам кога грешам.

3. Секогаш сум среќен кога ќе вкусам лоша услуга како клиент. Не дека сум мазохиста. Се работи за тоа дека моите најдобри идеи се раѓаат кога гледам како другите работат лошо.

4. Подготвеноста да сослушам што имаат другите да кажат и да ги вклучам нивните идеи кога се подобри од моите, недвосмислено ми помогна во текот на 40 годишното работење.

5. Во бизнисот нема место за кратко и конзервативно мислење. Тоа само ви ги сече крилата, ве прави послаби и неспособни да разберете што навистина се случува.

6. Многу е подобро да ветите малку и да дадете многу, отколку да е обратно.

7. Многу повеќе сакам да комуницирам лице в лице отколку да се допишувам.

8. За мене, не постои ништо полошо отколку да ги слушнам своите работодавачи како се извинуваат поради однесувањето на нивните вработени.

9. Целиот свој живот се обидувам да ја избегнам канцеларијата и поголемото работно време сум го поминал на едно од овие три места: дома, на јахта или лежалка од мрежа за лулање.

10. Запаметете: Никој на смртна постела не зажалил што не поминал повеќе време во канцеларија.

11. Јас сум секогаш бизнисмен, дури и кога ќе облечам костим за на маскенбал. Облекувањето на одело никогаш не ми донело деловни вештини.

12. Топ менаџер секогаш треба да им го даде својот меил и телефонски број на своите вработени. Вработените никогаш нема да го вознемируваат беспотребно, но знаат дека можат да го побараат кога и да им е потребен. Тоа може да има многу важен психолошки ефект.

13. Вистинското лидерство се наоѓа во способностите јасно и мирно да објасните зошто одредена одлука мора да биде донесена.

14. Треба другите луѓе да ги третирате како што се третирате себеси, дури и подобро од себеси.

15. Парите не се добар показател за успехот. Единствено славата е полош показател.

16. Ако ме прашате во што најмногу верувам, ќе ви кажам: Во своето семејство.

17. Мислам дека моето најголемо достигнување е тоа што секогаш сум се трудел да им дадам на луѓето независност и можност да се почувствуваат одговорни за тоа што го работат. Секогаш сум имал волја да ги поттикнам луѓето сами да преземат ризик и сами да дојдат до своите цели.

Denar.mk

За авторот

Хонг