Задолжително

3 безвременски аксесоари секој маж што мора да ги има во 2018

Напишано од martin

Се ближи крајот на новогодишните попусти, па доколку не сте ги искористиле, сега е вистинското време. Ако пак немате идеја за тоа што да купите, тогаш најдобро е да инвестирате во нешто безвременско, што ќе ви траат засекогаш.

Држач за картичка

Држачот за картички перфектно се вклопува во вашето секојдневие и одлично ќе може да го сместите во вашиот костум. Исфрлете ги сите непотребни работи кои секојдневно ги носите во новчаникот и земете ги само најбитните работи кои ви требаат и сместете ги во држачот за картички.

Кожна чанта

Најдобар детал што може да додадете на вашиот секојденевен изглед е кожна чанта. За да имате се на едно место, најбитно е да изберете модел кој би имал место за вашиот лап топ, документи и се што ви е неопходно за работа. Koжните чанти секогаш наметувале по сериозен изглед кај еден маж.

Безвременски очила за сонце

Трендовите во светот на очилата се менуваат со неверојатна брзина, но постојат некои модели кои се вечни и никогаш не излегуваат од мода. Затоа размислете за некој од тие модели  бидејќи ќе ве заштеди пари од тоа да мора да купите нов пар наредната година.

 

За авторот

martin