Заработи

37 сајтови на кои може да научите нешто ново

dreamstime_l_34259408-1
Напишано од Хонг

Заборавете ги курсевите со прескапи цени, долгите денови во училните и прилично лошите резултати. Овие сајтови и апликации се занимаваат со темите наука, уметност, јазици, вештини и технологија, а можат да ве научат многу – од тоа како да направите хумус, па се до правење на апликации и програми и тоа се бесплатно (некои онлајн курсеви се наплаќаат, но повеќето се бесплатни).

Немате ниту еден валиден изговор да не усовршите некоја нова вештина или можеби дури и да ја подобрите кариерата. Можете да учите интерактивно следејќи го своето темпо и во удобноста на вашиот дом. Тешко е да замислите дека е толку едноставно? Тогаш пробајте и уверете се.

ОНЛАЈН КУРСЕВИ

edX — Онлајн курсеви од најдобрите светски универзитети
Coursera — Најдобрите светски курсеви, онлајн и бесплатно
Udemy — Огромен избор на онлајн курсеви, платени и бесплатни
Highbrow — Добивајте мала доза на дневни курсеви во инбокс
Skillshare — Онлајн часови и проекти кои ќе ја поттикнат вашата креативност
Curious — Подобрете ги своите вештини со помош на онлајн видео лекции
lynda.com — Научете нешто повеќе за технологијата, креативноста и бизнисот
CreativeLive — Бесплатни креативни часови од најдобрите светски експерти
Coursmos —  Онлајн микро курс било кога, на било кој уред

НАУЧЕТЕ КАКО ДА ПРОГРАМИРАТЕ

Codecademy — Научете да програмирате интерактивно, бесплатно
Stuk.io — Научете да програмирате од самиот почеток
Udacity —  Заработете Нанодиплома признаена од страна на индустриските лидери
Platzi —  Live streaming часови за дизајн, маркетинг и кодирање
Learnable — Најдобар начин да научите за web development
Code School — Научете да програмирате во пракса
Thinkful —  Подобрете ја својата кариера со помош на 1на1 менторство
Code.org — Започнете да учите денес со помош на лесни туторијали
BaseRails — Научете за Ruby on Rails и друг вид на интернет технологија
Treehouse — Научете за HTML, CSS, iPhone апликациите и уште многу нешта
One Month — Научете да програмирате и правите апликации за само еден месец
Dash — Научете да создавате прекрасни сајтови

НАУЧЕТЕ ДА РАБОТИТЕ СО ПОДАТОЦИ

DataCamp — Онлајн R туторијали и data science курсеви
DataQuest —  Научете data science на вашиот пребарувач
DataMonkey — Развивајте ги своите аналитички вештини на едноставен и забавен начин

НАУЧЕТЕ НОВИ ЈАЗИЦИ

Duolingo — Научете јазици бесплатно
Lingvist — Научете јазик за 200 часа
Busuu — Заедница за бесплатно учење на јазици
Memrise — Користете флеш картички да научите јазици

ПРОШИРЕТЕ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ

TED-Ed —  Пронајдете квалитетни и поучни видеа
Khan Academy — Пристапете до непресушната библиотека со интерактивни содржини
Guides.co — Пребарајте ја најголемата колекција на онлајн водичи
Squareknot — Пребарајте ги прекрасните, чекор-по-чекор водичи
Learnist — Онлајн курсеви со стручно подготвени веб, принт и видео содржини
Prismatic — Научете работи поврзани за она што другите го препорачале

БОНУС

Chesscademy — Научете да играте шах бесплатно
Pianu — Научете да свирите клавир онлајн, интерактивно
Yousician— Вашиот личен учител за гитара од дигиталната ера

Denar.mk

За авторот

Хонг