Бизнис совети

4 чекори да ја уредите вашата работна маса

Напишано од martin

И покрај тоа што сите се наоѓаме во летното респаоложение, лесно може да се почуствувате снежно на работа. Купишта хартии, датотеки и папки, може навистина брзо да ја претворат вашата маса во воена зона. Затоа не чекајте и средете ја вашата работна маса. Ефикасноста е клучна, затоа еве неколку чекори како да го направите тоа.

Исчистете го целиот вишок

Едноставен почеток, но најефикасен начин да започнете. Соберете ги сите стари документи и шишиња, скршени пенкала и стари белешки и фрлете ги. Вашата работна маса ќе изгледа почисто за момент. Потоа, земете ги поголемите документи кои што ви се потребни и сортирајте ги во уредни купови.

Уредете ги каблите

Испреплетените кабли понекогаш знаат да не вознемират. Затоа секогаш гледајте да ви бидат уредни. Зошто не пробате со бежични уреди? Земете бежичен маус, бежична тастатура и ќе ја почуствувате разликата веднаш.

Ставете се што ви треба да ви биде на дофат на раката

Ако често користите фломастер, секогаш треба да ви биде до раката. Ако користите калкулатор во поголемиот дел од денот, осигурајте се дека не е во фиоката за да ја отварате секој пат. Ако печатите многу документи, инвестирајте во пал принтер, наместо да излегувате надвор од канцеларија.

Направете неколку мали, но паметни купувања

Едно такво купување е растението. Научно докажано е дека го подобрува расположението и ви дава дневна доза на кислород.

За авторот

martin