Водич за патување

4 начини како да ги издржите долгите патувања во авион

Напишано од martin

Може да се рече дека најлошото од одморот е патувањето. Никој не сака цел ден да патува, бидејќи тоа знае да биде доста напорно. Иако авионот е најбрзиот превоз, долгите летови за некого можат да бидат доста трауматични.

Занимавајте се!

Модерните авиони ви овозможуваат да имате пристап до интернет, па поради земете си ги вашите гаџети и спремете си добри филмови.

Јадете лесна храна

Ако јадете тешка храна, може да имате мачнини со стомакот. Поради тоа јадете умерено и конзумирајте лесна храна.

Станувајте на одредено време

Седеето може да донесе да имате болку во грбот, па поради таа причина најдобро ќе биде да станете на одредено време и да прошетате низ кабината.

Пијте витамини

Не знам дали знаете, но во авион можете да се разболите, бидејќи се наоѓате во затворен простор каде што се наоѓаат голем број на луѓе. Поради тоа пијте витамини за да го појачате вашиот имунитет.

 

За авторот

martin