Пијалоци

4 трикови како од виното да го извлечете најдоброто

Напишано од martin

Не мора да бидете богат, ниту пак смоелиер за да уживате во виното. Доволно е да ги знаете овие неколку трикови кои ќе го збогатат вашиот вкус, со што ќе имате едно прекрасно искуство кое не сте го доживеале до сега.

Исцедете го

Декантацијата е процес во кој виното се одвојува од талогот, а оние познавачите знаат дека тоа е неизбежен дел од винското искуство. Ние обичните познавачи, доволно ни е да искористиме само обична цедалка која ја користиме за чај и веднаш ќе ја забележиме разликата.

Изблендирајте

Веќе можевте да прочитате дека експресната декантација може да ја направите и вие дома, исто и стандардниот блендер кој го имате дома, може на лесен начин да го подобри виното. Блендирајте на најсилно од 30 до 60 секунди и веднаш послужете се.

Промешајте

Земете го шишето во рака, отворете го и ставете во чашата околу 30 мл. Потоа затворете го шишето и промешајте го околу 5 секунди. Кога ќе ги снема меурчињата, може да го послужите.

Завртете

Веројатно сте забележале дека вистинските познавачи на виното ја вртат чашата пред да го пробаат виното. Тоа е ритуал кој го пдобрува вкусот на виното, бидејќи киселината се помешува со виното.

За авторот

martin