Љубов

5 моменти кои според девојките се варање, a кои немаат врска со сексот

15-093107-cheaters_beware_new_mattress_can_tell_you_if_your_partner_sleeps_with_someone_else
Напишано од Хонг
Варањето е интересен поим, поготово ако барате дефиниција и од девојките и од момците. За просечниот маж под варање е вклучено секс или мување, но кога станува збор за девојките тогаш е друга приказна. Следните 5 работи според девојките спаќаат под варање, а немаат допирна точка со сексот. Следете внимателно –
Разговарање за проблемите во врската со други девојки – доколку разговарате за проблемите во врската со некоја другарка или со колешките на работа, а тоа го дознае вашата девојка, тогаш ќе имате голем проблем. За девојките овој момент е неприфатлив.
Комуникација со бившата преку познатите социјални мрежи – овде не станува збор само за комуникација, проблем ќе имате и со само еден обичен лајк
Плаќање пијачка на некоја друга девојка – тоа е прв потег кон варање, затоа девојките никако не го прифаќаат плаќањето пијачки на други женски особи
Вечера со другарка на ВАШЕТО место – зборот Нашето место не смее да се поврзува со другарка, доколку сте во стабилна врска
Давање број на друга девојка –  сосема е јасно зошто овој момент им смета на девојките, без разлика дали станува збор за давање мобилен телефон на новата колешка, или на новата другарка од факс на тема “заедничко решавање задачи”

За авторот

Хонг