Бизнис совети

5 начини да бидете поздрави во канцеларија

Напишано од martin

Иако за многумина канцелариското работење е најголема желба, овој тип на работа сепак има и лоша страна, бидејќи вие по цели денови гледате во монитор. Тоа никако не е здраво за телото и за организмот, па поради тоа тие што работат во канцеларија, често имаат проблеми со коските и мускулите. Поради тоа, ние се одлучивме да одвоиме 5 начини како бидете поздрави и додека сте во канцеларија.

Правилно седење!

Сите знаеме дека правилното држење на телото е многу важно, но столчињата на кои седиме често имаат неправилен облик. Поради тоа ве советуваме да купите соодветни додатоци за вашите столици за да можете да седите во права положба.

Пауза

Кога одите на пауза, обавезно искористете ја таа прилика да се прошетате и да се размрдате. Телото од седењето ќе ви стане уморно.

Вежби

Знаеме дела во канцеларија не можеме да имаме јак и правилен тенинг, но не е лошо од време на време да направиме неколку вежби за да го направиме нашето тело да биде активно.

Правилна исхрана

Додека сме на работа, немаме доволно време да спремиме квалитетен ручек, па поради тоа поголемиот дел јадат нездрава и брза храна. Ве советуваме додека сте во домот да си спремите здрав оброк кој ќе го носите на работа.

Монитор

Константното гледање во екранот, никако не е добро за вашите очи, па поради тоа на паузите задолжително ви советуваме да се тргнете од него за да ги одморите вашите очи.

За авторот

martin