Водич за готвење Живееме здраво со Polleo Sport и MarioFit.net

5 причини зашто треба однапред да ја приготвувате вашата храна!

eat-before-after-workout
Напишано од Хонг

Неправилниот и неконстантниот начин на исхрана е една од најчестите причини зашто многумина од нас не успеваат да ги достигнат своите цели. Некои веруваат дека можат со поинтензивен тренинг да надокнадат за  неправилниот начин на исхрана, но за повеќето тоа е невозможно. Ако сакате да ги намалите вишокот на килограми пред да одите на плажа, треба да обрнете внимание на исхраната, односно што, кога и колку јадете.

Еден од најефективните и наједноставните методи за да си помогнете е да ги приготвувате вашите оброци однапред. Еве 5 причини зашто е добро да ги приготвувате вашите оброци однапред.

 

1. МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Еден од најкористените изговори е недостигот на време. Недоволно време за вежбање, недоволно време за исполнување на сите обврски во денот, недоволно време за хранење здраво. Сите сме биле во таа ситуација и некогаш најбрзата и најлесната опција е храна која содржи многу заситени масти и многу непотребни калории само затоа што немаме време.

Со приготвување на вашите оброци за денот или неделата, вие си овозможувате да имате здрави, квалитетни оброци на дофат во секое време, не мора да излегувате од колосекот постојано и со тоа ќе си заштедите и време и сериозни калории. Подобро менаџирање на вашите оброци значи и подобро менаџирање на времето низ денот.

 

2. КОНСТАТНОСТ

Независно дали вашата цел е намалување на килограмите или зголемување, треба да имате план во однос на тоа колку храна треба да конзумирате дневно и/или неделно. Со тоа што ќе ги имате вашите оброци подготвени или поделени во одредени порции, поголеми се шансите да останете на правилниот пат кон практикување на здрав начин на исхрана.

IMG_8075

 

3. ЗАШТЕДУВАЊЕ НА ПАРИ

Една од најчестите заблуди околу купувањето на храна и приготвување на истата е тоа дека брзата храна која ја купуваме е поефтивна од купувањето на храна од продавница и сами да ја подготвувате. Ако сеуште така размислувате, време е да ги одфрлите тоа размислување.

Приготвување на храната однапред ќе ви заштеди време и пари. Да земеме пример за еден оброк кој би го јаделе во ресторан како алтернатива за тоа што би го приготвиле дома:

Порција пилешки стек со салата – 200-250 денари

Кога би купиле од продавница и би приготвиле дома би изгледало вака:

Пилешки стек 250 грама – 60 денари
100 грама ориз / 200 грама компир – 6 денари/8-10 денари
Салата (марула) – 20 денари

Вкупно – 90 денари +-

Некогаш приготвувањето дома е двојно или тројно поефтино во однос на тоа кога јадете надвор од дома.

 

4. КОНТРОЛА НА ОБЕМНОСТА НА ХРАНАТА

Приготвувањето на вашата храна и оброци ќе ви овозможи прецизност на количината на калории, јагленохидрати, протеини и масти која ја конзумирате. Освен ако не носите вага со вас кога и да јадете негде, нема да можете да ја знаете разликата во количината која ви ја сервираат и која вие треба да ја изедете. Оваа непрецизност, оброк за оброк може да ве доведе до внесување на стотици непотребни калории до крајот на денот, а тоа може прекувремено да ве одвлече од вашата цел. Некогаш е поважно КОЛКУ јадете, повеќе од што јадете.

foodprep

 

5. ПОБЕДНИК ВО МЕНТАЛНАТА ИГРА

Ако сакате да бидете најдобри во било што и да правите, мора да се фокусирате на вашите мисли и вашиот ментален склоп. Ако однапред не сте подготвени да тренирате интензивно и да бидете дисциплинирани со вашата исхрана, сте ја изгубиле таа битка со себе. Ако ги приготвувате вашите оброци од претходната вечер, или порано наутро вие ментално се припремате себеси за следниот ден и недела. Ова долгорочно ќе ви помогне да останете на правилниот пат и да ја достигнете вашата цел побрзо и поефективно! Запомнете, ништо не се случува преку ноќ – за се треба време и трпение.

Интересно:  Сакате БЕСПЛАТНА реклама за вашиот фитнес центар на MarioFit.net ?

11033046_1089185751106943_550901723_n

За авторот

Хонг

Остави коментар