Кариера

6 грешки во облекувањето поради кои ќе изгледате непрофесионално на работа

mens-fashion
Напишано од Хонг

Прочитајте и научете што треба да избегнувате ако сакате да ги импресионирате сите на работа!

Можеби мислите дека никој не обрнува внимание на тоа како се облекувате на своето работно место, но бидете сигурни дека тоа не е така. Иако секој од нас има личен стил, кога станува збор за работното опкружување, постојат работи кои не се примерни.

Не знаете за што зборуваме? Неколку важни имиња на моќни компании од модната индустрија, го открија своето мислење за тоа кои стилови и парчиња облека се сметаат за непрофесионални, а ние од нивните одговори составивме листа од 6 најголеми грешки.

Грешка број 1

„Старомодното облекување е најголемиот моден злочин кој можете да го напрвите на работното место. Облекувањето во склад со времето во кое живеете е еден од облиците за добри манири“.

Грешка број 2

„Премногу шминка, прекусо здолниште, покажување на премногу кожа и неможност да се движите во превисоките потпетици“.

Грешка број 3

„Тексасот…. Било што од тексасот оставете го за слободното време“

Грешка број 4

„Облекувањето на премногу брендирана гардероба е апсолутно непожелно, што особено важи за интервјуата за работа или првите денови на истата работа. Морате да направите вашата рбаота и труд да бидат во центарот на вниманието, не вашиот скапоцен аутфит“.

Грешка број 5

„Доколку не изгледате чисто, негувано и примерно за својата позиција. Понекогаш нешто нема добро да го искомбинирате или да го носите како што сте замислиле, но вашата облека и додатоците мораат да бидат секогаш чисти и уредни“.

Грешка број 6

„Несогласување на стајлингот со компанијата во која се пријавувате за работа, е една од најголемите грешки кои можете да ги направите. Униформите се одамна заборавена работа во повеќето компании, освен во банките. Обидете се да не изгледате како модна жртва, туку како некој кој сака да го следи трендот“.

Denar.mk

За авторот

Хонг

Остави коментар