Uncategorized Кариера

6 прашања за сите оние кои сакаат да дадат отказ

Напишано од Нино

Давањето на отказ повлекува низа прашања, но и одговорност.

Постојат луѓе кои секојдневно размислуваат за тоа како да дадат отказ или тоа планираат да го направат за да започнат сопствен бизнис.

Пред да се одлучите да ја напуштите „сигурната работа и платата“ постојат некои работи за кои треба добро да размислите. Овие 6 прашања кои треба да си ги поставите самите на себе спаѓаат во тие работи…

Имате ли добра заштеда?

Никогаш не ја напуштајте работата доколку немате заштеда за барем половина година да поминете без плата. Можеби плановите нема да ви се остварат а и новото вработување ќе задоцни.

Дали работата со која се занимавате на страна ви донесува доволно пари за да ги платите сите животни трошоци?

Многумина прават грешка, даваат отказ а работата од страна сеуште не им е доволно разработена.

Имате ли план за деловен раст?

Не е доволна само вашата идеја, потребен ви е и план за деловен раст, заработка, план за клиенти и сл.

Имате ли резервен план?

Колку и да ви звучи идејата добро можно е таа да не ви се оствари, па затоа потребен ви е и план Б.

Кој би можел да биде егзистенцијално загрозен ако вашиот план пропадне?

Доколку имате семејство, деца, животни, размислете и за нив, доколку останете без пари многумина ќе страдаат.

Можете ли да прејдете преку своите уверувања?

Да се биде претприемач, барем на почетокот, прифаќањето на компромисите и фактите дека нема да може секогаш да биде онака како што сте замислиле. Ако на тоа не сте подготвени, тогаш веројатно не сте подготвени ни на отказ.

Denar.mk

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)