Водич за готвење

6 правила за слабеење од целиот свет

Напишано од Пјер

Велат дека најдобрата форма на учење е според примерот на другите. Па така, доколку целта Ви е да го намалите вишокот килограми, тогаш би требало да ги следите правилата за слабеење кои се покажале како ефикасни многупати до сега, кај повеќе народи.

1. Престанете да јадете штом ќе се заситите

Жителите на Окинава, кои имаат индекс на телесната маса 21,5 (важи за оние кои ја следат традиционалната исхрана), го нарекуваат овој принцип хара хачи бу (или јадење до 80 проценти ситост). Никој не вели дека треба да станува од трпезата гладни, но доколку јадете „додека собира“, со текот на времето, потребата од храна ќе се зголемува за 20 проценти. И, пред да се свестите, килограмите се напластиле.

2. Користете здрави масла

Здравите масти, како што се оние содржани во маслиновото масло, кое е столб на медитеранската исхрана, ги прават зеленчуците повкусни, што ја зголемува веројатноста дека ќе изедете повеќе. А, веќе е општо познато дека исхраната со многу зеленчук води до намалување на телесната тежина.

3. Кога јадете, не правете ништо друго

Модерниот живот создаде огромен недостиг од време, па така сè почесто ни се случува да јадеме пред компјутер, пред телевизор или пак при патување до работа. Но, во Јапонија, на пример, јадењето во движење се смета за крајно непристојно, а во Франција, никој нема да забележите како пие кафе во автомобил. Јадењето и пиењето не се обврски кои треба набрзина да се завршат. Ним треба да им го посветите целото свое внимание. А, кога ништо не Ви го одвлекува вниманието додека јадете, сигурно ќе изедете помалку.

4. Движете се

Голем процент од жителите на Азија и медитеранските земји се витки. Не поради тоа што имаат планови за вежбање или се постојано во теретана, туку едноставно многу почесто пешачат отколку што користат автомобили.

5. Уживајте во редовните оброци

Една од главните причини зошто Французинките ретко се дебелеат е фактот што секојдневно имаат по три оброка. Можеби мислите дека исфрлањето на оброк ќе ги намали калориите внесени во текот на денот, но тоа предизвикува инстинктивно чувство на страв од изгладнување, што го забавува метаболизмот и, на долг рок, ја зголемува телесната тежина.

6. Не јадете сами

Јадењето со семејството или пријателите, наспроти сами, во автомобил или на кауч, е дел од речиси сите традиции. Психолошкиот ефект од јадењето во присуство на други луѓе е огромен – се воздружвате од прејадување, јадете побавно и сте посвесни за нештата околу себе, што ќе направи полесно да забележите кога сте се заситиле.

Повеќе на Смути.мк

За авторот

Пјер

Остави коментар