Бизнис совети

6 работи од кои треба да се откажете доколку сакате успех

Напишано од martin

Постојат многу фактори од кои не може да се простиме, а кои всушност може да не спречат во постигнувањето на успешна кариера. Еве од што треба да се откажете за да имате гарантиран успех.

Своите изговори

Ако сакате успех, вие треба да престанете да барате изговори за се. Сте заборавиле некој состанок? Сте закасниле на некој? Сте заборавиле да се јавите на потребниот број? Не постои изговор за мрзеливост и дознење. Вие сте одговорни за својот живот и нема предност во правење на изговори.

Перфекционизам

Нормално, сите се стремиме да бидеме најдобри, но во секоја ситуација да го бараме совршениот резултат е целосно нереално. Мора да бидете подготвени да правите компромиси, особено на време.

Лоши навики

Начинот на живот кој што го водите е клучот за вашиот успех. Ако вие сте излезени секоја вечер и сте уморни и се справувате со мамурлукот, тогаш вие сте целосно непродуктивен. Исто така, брзата храна, цигарите, шеќерот и прекумерниот кофеин нема ништо да направат во вашата ментална состојба и да ја зголемат вашата прдуктивност. Вратете се еден чекор наназад и погледнете кои делови од вашиот животен стил треба да ги промените.

Споредба со други

Постојаното споредување на себе си со другите околу вас е непродуктивно. Да, обрнувањето на внимание на конкуренцијата е важно ако сакате да одите понапред, но да ја смените вашата насока во резултат на тоа, може да доведе до неуспех.

Не можете да прифатите одговорност

Вие сте единствениот човек кој е одговорен за своите постапки. Ако нешто не е во ред на работа и вие треба да промените нешто, подобро е да го прифатите и да се фокусирате на решавање на проблемот наместо да покажувате со прст кон некого. Неможејќи да ја прифатите одговорноста е чин на незрелост.

Да се жалите

За жал, животот не оди во насока секогаш во која се надеваме или ја замислуваме. Да се жалите за она што не е во ред е целосно губење на вашето време.

За авторот

martin