Бизнис совети

7 работи кои можат да го уништат вашиот бренд

Напишано од Пјер

Еднаш кога ќе изградите бренд, морате да го штитите по секоја цена. Можеби мислите дека вашиот бренд е отпорен на сите проблеми. Дури ако е, сопствениците може несвесно да го уништат ако не се внимателни. Следете ги овие чекори за да не ви се случи некоја слична грешка.

1. Не земајте го вашиот бренд здраво за готово

Само затоа што имате изградено препознатлив бренд, не значи дека треба да престанете да вложувате во него. Многу е важно континуирано да го усовршувате, освежувате и развивате ако сакате да бидете пред конкуренцијата. Редовно проверување на ,,пулсот” на вашиот бренд за да знаете на време дали има потреба од ново прилагодување.Ова вклучува внимателно набљудување на конкуренцијата.

2. Немојте да бидете недолседни

Една од силата на брендот е доследноста, која кај потрошувачите гради доверба.Луѓето треба да знаат што можат да очекуваат од брендот и компанијата. Доследноста е важна во се – без неа брендот може да стане неразбирлив или несигурен…. или и двете.

3. Не говорете на глас, ако добро не сте промислиле

За жал, само зборовите не може да помогнат да се изгради бренд, но можат да го уништат. Бидете внимателни кога зборувате за темите кои би имале влијание за вашиот бизнис. Ако не ви лежат јавните настапи, ангажирајте стручно лице за односи со јавност кое ќе ви помогне во припремата за јавни настапи.

4. Немојте да се однесувате непримерно

Ова звучи логично, но всушност се однесува на ова: ако сте на висока позиција, имајте на ум дека вие ја претставувате компанијата во сите ситуации, а не само на работното место или на деловните состаноци. Дури и кога сте сигурни дека никој не ве гледа, припазете на примерно однесување.

5. Не ја игнорирајте ја важноста на квалитеот на услугите

Добра услуга значи дека сте спремни да преземете одговорност, а на клиентите им влевате доверба така што секогаш можат да ви се обратат за помош. Најлоша работа е ако не му одговорите на меил или на повик на клиентот. Ако не можете да обезбедите квалитетна поддржка тогаш на клиентот му праќате порака дека не го цените.

6. Не дозволувајте вашиот онлајн имиџ да опадне

Можеби силно ќе се трудите за вашиот имиџ да биде на високо ниво, но бидете свесни дека онлајн сликата мора да ви биде добра бидејки покасно може да зажалите. Тоа првенствено се однесува на вашиот настап на социјалните мрежи ,приватни профили и пораките кои ги праќате.

7. Не лажете

Никогаш не ја лажете вашата целна публика. Еднаш ако изгубите клиент бидејки сте биле нечесни, никогаш повеќе нема да го вратите.

Денар.мк

За авторот

Пјер