Кариера

7 животни лекции кои може да ги научиме од нашето куче

Напишано од martin

Сите велат кучето е најголем пријател на човекот, а поради неизмерната љубов која ни ја дава тоа е нашето омилено домашно милениче.

Живејте овде и сега

Иако кучињата памтат каде ја закопале својата храна, тие живеат во моментот. Без разлика дали уживаат во хтраната или трчаат за топката, тие се концентрирани на тоа што се случува во моментот.

Покажете чуства

Кучињата ги покажуваат своите чуства, а луѓето тоа често го забораваат. Покажете им на другите дека сакате да бидете со нив, немојте тоа да го криете.

Сакајте

Без оглед на се, кучињата не сакаат постојано. Да сакате постојано не е лесно, но тоа го прави светот поубаво место за живеење.

Слушајте

Многу од луѓето разговараат со своите кучиња за нивните проблеми, поради тоа што тие внимателно слушаат. Направете го истото и за луѓето кои ви значата. Престанете да зборите и слушајте, тоа е клучот за успех.

Бидете верни

Верноста е се поретка особина кај луѓето денеска. На кучињата тоа им е толку лесно. Бидете верни во пријателството, љубовта и колегијалноста. Сеуште важи изреката дека добро со добро се враќа.

Немој да бидете злопамтило

Кучето никогаш нема да биде љуто на вас ако сте го искарале. Добрата работа е да не ја лупаме главата за тоа што некогаш било, да не ја задржуваме горчината и љутината во себе. Ако ги чувате негативните чуства во вас, тоа ќе ве спречи да напредувате во животот.

Прифатете се себе си

Луѓето трошат голем дел од времето за да се споредуваат со другите, наместо да се сакаат самите себе си. Бидејќи поради нив, сме единствени.

За авторот

martin

Остави коментар