Архитектура

8 причини зошто да инвестирате во сопствен стан во Маврово

Напишано од martin

Кога ќе помислиме на Маврово прво нешто што ни паѓа на ум е прекрасната природа и зеленило во лето, снежните покривки во зима, чистиот воздух, езерото… па посакуваме барем на ден-два да се тргнеме од градскиот метеж и да уживаме во сите убавини кои ги нуди овој Национален парк.

Со единствениот Станбен комплекс Маврово уживајте во комоцијата на сопствен дом и искусете ги сите бенефиции што ги нуди најпосакуваната викенд-дестинација, а ние ви издвојуваме 8 причини зошто е добро да се поседува сопствен апартман токму овде:

  1. Затоа што чистиот и свеж планински воздух ни е секогаш потребен, а во овој предел ќе бидете опколени со планини, зеленило и бујна шумска вегетација на надморска височина од 1300 метри. Чистиот воздух го намалува ризикот за развивање на срцеви болести и му помага на респираторниот систем, а високото ниво на кислород го подобрува имунитетот и ја зголемува енергијата.
  2. Затоа што токму во овој Национален парк уживаат сите љубители на планинскиот туризам и авантуристи што своето прибежиште го наоѓаат во убавините на Македонија. Оваа најпозната рекреативна населба е центар на случувањата преку целата година, нудејќи можности за зимски и летни спортско-рекреативни активности.
  3. Наместо да закажувате по хотели и одмаралишта, беспотребно трошејќи време и пари, сега имате единствена можност да инвестирате во создавање на сопствен дом по најповолни цени. Дополнително, одржувањето на апартман е многу поевтино и поедноставно од одржувањето на викенд-куќа.
  4. Поминатото време во дом во природа ослободува од сета негативна енергија што ја наметнува секојдневието, а престојот во планинските предели со себе носи идеална релаксација која ни помага да се вратиме со нови сили во секојдневниот динамичен живот.
  5. Исто така една од добрите страни на ваквиот тип на инвестирање е што отвора нови бизнис можности, односно во периодите кога не сте можност да го користите станот да имате финансиска придобивка со изнајмујвање на истиот.
  6. Затоа што во најладните денови од годината ќе имате каде вистински да уживате во снежната идила од удобноста на својот стан и да дишете свеж воздух во период кога градот се гуши во загаденост и смог.
  7. За време на топлите денови може да уживате во големиот број активности од понудата на спортско-рекреативниот центар: јавање, параглајдерство, планинарење, или пак едноставно да направите рекреативни прошетки во природа.
  8. Станбен комплекс Маврово располага со 105 апартмани со различна квадратура и позиционираност и ќе можете да го одберете Вашиот идеален стан според Вашите желби и потреби. Ќе добиете целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.

Повеќе информации за Станбениот комплекс Маврово и апартманите прочитајте на веб-страницата http://stanovimavrovo.mk/ или нивната официјална facebook страна.

За авторот

martin