Бизнис совети

9 моќни жени ги споделуваат најдобрите бизнис совети кои ги добиле

Напишано од Пјер

Дамите кои влегоа во листата топ 50 бизнис жени во 2017 година знаат што е потребно за успешна кариера. До директорските места дошле чекор по чекор, со работа, труд и волја, а имаат совети за сите жени кои сакаат да тргнат по нивните стапки:

Сузан Војчицки (Susan Wojcicki); CEO; YouTube, Google/Alphabet:

„Изразете се. Немојте да се плашите и да се срамите да го кажете она што ви е на ум и да замолите за она што сакате да го добиете“.

Кети Енгелберт (Cathy Engelbert); CEO; Deloitte:

„Подигнете рака, преземете ризик и не се плашете од неуспехот – тој е една од најголемите препреки кон успехот“.

Мери Бара, (Mary Barra); Претседателка и CEO; General Motors:

„Немојте да ги прекинувате своите деловни врски премногу брзо и рано. Немојте да се одалечувате од својата кариера само затоа што мислите „дека нешто ќе се случи или нешто нема да се случи“.

Шерил Сандберг (Sheryl Sandberg); Оперативна директорка (COO); Facebook:

„Секогаш препуштете им се на новите предизвици – дури и кога не сте сигурни дека сте целосно подготвени“.

Џини Ромети (Ginni Rometty); Претседателка и CEO; IBM:

„Бидете подготвени да ги воочите приликите за напредок и развој кога ќе се појават – бидејќи тоа се клучни прилики за учење. Ќе знаете кога бидејќи тие ќе направат да се чувствате непријатно, а вашиот иницијален импулс може да покажува дека уште не сте подготвени за тоа. Но запомнете: напредокот и комфорот никогаш не одат заедно“.

Рут Порат (Ruth Porat); Директорка за финансии; Google/Alphabet:

„Бидете сигурни дека работите за некој доверлив кој сака да ризикува со вас, да ви даде флексибилни прилики, и некој кој е тука да ве поддржи кога работите ќе тргнат онака како што не сте планирале. И направете го истото тоа за луѓето од својот тим“.

Џудит Мекен (Judith McKenna); Оперативна директорка; Walmart U.S.:

„Никогаш немојте да се плашите да вработите луѓе кои се попаметни од вас и никогаш немојте да се плашите да примите луѓе кои се поинакви од вас. Тоа е нешто што е тешко да го спроведете, но е клучно доколку сакате да создадете тим кој постигнува сериозни резултати“.

Маријана Лејк (Marianne Lakе); Директорка за финансии; J.P. Morgan Chase:

„Вие сте онолку добри колку што е добар тимот кој сте го направиле, затоа бидете магнет за таленти и опкружете се со најдобрите и најбистрите“.

Ејми Худ (Amy Hood); Диекторка за финансии; Microsoft:

„Нема да имате ист план за неколку години како што имате сега. Животот и приоритетите се менуваат – па така ќе се менуваат и вашите избори“.

За авторот

Пјер