Уличен стил

Adidas Stan Smith! Патиките кои испишаа историја

Напишано од martin

Иако на почетокот Adidas Stan Smith патиките биле наменети за тенис, набрзо нивниот стил беше прифатен во поголемиот дел од светот. Овој модел на патики првично беа произведени во 1963 година. Класичниот кожен тениски чевел беше идејата на Хорст Даслер, син на основачот на Адидас, Адолф ‘Ади’ Даслер. Оригиналниот Stan Smith се состоеше од бела кожа со гумен надворешен ѓон.

Кога Хаилет се повлече од тенисот, Адидас одлучи дека им е потребен наследник. Американскиот тенисер Стен Смит беше предложен, а остатокот е историја. До 1971 година, патиките Stan Smith од Адидас беа едни од најпрепознатливите модели во тоа време. Овие патики обично се прават со бела кожа, а врвките и конците се исто така бели во боја. За разлика од другите модели од овој бренд, ги нема познатите три ленти. Наместо тоа, постојат три реда прободени дупки.

Може да се каже дека брендирањето е минимално, но сепак има одличен изглед на Адидас. Иако дизајнот на патиките останува ист уште од неговото воведување, има многу бои и нови верзии достапни на тековниот пазар.

Земајќи го во предвид чистиот, класичен стил на патиките Stan Smith, не е тешко да се види зошто тениската патика го освои цел свет. Всушност, патиките некогаш биле наведени во Гинисовата книга на рекорди по продажба на дваесет и два милиони пара од 1988 година.

За авторот

martin