Настани

Ајде сите заедно! Акција за чистење на кејот на Вардар

Напишано од martin

На втори септември 2017 година со почеток во 09.00 часот, во организација на Greenfinity Фондацијата на Cashback World ќе се одржи акција за чистење на кејот на реката Вардар. Во оваа акција ќе учествуваат сите вработени од канцелариите на Cashback World заедно со нивните верни членови.

„Заедно за нашиот свет. За заедничка иднина.“

Овој водечки принцип ја придружува Greenfinity фондацијата во нејзината работа и го истакнува фактот дека заштитата на животната средина не претставува грижа само на неколку посветени лица, туку ги засега сите луѓе. Само со заеднички напори можеме да постигнеме одржлива и ефективна заштита на животната средина.

Поради таа причина, ајде сите заедно да се придружиме на оваа акција и да допринесеме сите за околината во која живееме. Вашето учество можете да го пријавите најдоцна до 29.08.2017 на меилот service.mk@cashbackworld.com или во inbox порака на Фејсбук фан страната на Cashback World, а тие ќе ви обезбедат маици, капи и потребна опрема за работа.

Датум: 02.09.2017 (сабота)

За авторот

martin