Бизнис совети

Ако сакате да учите од дома, еве неколку сајтови од кои може многу да научите

Напишано од martin

Образованието ќе биде секогаш важен фактор во животот, бидејќи ни нуди прилики доколку сме навистина упорни. Едно треба да знаеме, дека не ни се потребни многу пари за да го зголемиме и подобриме нашето образование, бидејќи интернетот е полн со сајтови преку кои тоа може да го остварите бесплатно.

OPEN CULTURE ONLINE COURSES

Оваа страница содржи 1200 предавања, видео клипови од различни универзитети во светот. Лесната навигација која ви ја нуди овој сајт е ќе ви биде од помош да ги најдете оние курсеви кои вас ве интересираат.

ACADEMIC EARTH

Овој сајт содржи курсеви од најдобрите светски универзитети. Ова е уште еден сајт кој ни нуди широк спектар на информации од најразлични области.

UNIVERSITY OF THE PEOPLE

Ова е сајт кој е бесплатен, но на крајот од секој курс вие ќе мора сепак да платите за да полагате некој од завршните тестови. Ако се одлучите да се образовате на овој начин, вас ви е овозможено преку овој сајт да аплицирате за стипендии. За да станете студент на овој онлајн универзитет, треба само да имате одредено познавање на англискиот јазик.

TED-ED

Одличен сајт за да го проширите своето знаење. Овој сајт содржи голем број на видео клипови кои помагаат при едукацијата, а доброто е што сите овие видео клипови имаат превод на повеќе јазици.

COURSERA

Овој проект ги спојува универзитетите и организациите ширум светот кој ви дава можност да имате пристап до различни курсеви. Ова не е само обичен сајт, тука студентите може меѓусебно да комуницираат и да полагаат испити и тестови.

KHAN ACADEMY

Овој сајт настанал од едноставни туторијали кои ги снимал млад дечко кој дипломирал на Харвард заедно со својот помлад брат, Луизијани. Овие видео туторијали, најпрво биле споделувани на Youtube, и веднаш станале популарни. Денес, овие браќа имаат сопствен сајт кој ни нуди пристап до 4200 бесплатни курсеви.

За авторот

martin