Интервјуа

Александар Билјановски – Дадар: “Без висока дисциплина и верба во себе не може да се постигне ништо”

Напишано од martin

Како започна приказната со шминкањето и како се надградуваше во текот на годините?

Приказната започна кога имав 14-15 години. Иако бев навистина млад, ме заинтересира шминката како нешто креативно, а по природа сум таков да секогаш сакам нешто да променам, да исправам, да направам да биде поубаво, без разлика на која тема. Прво почнав да цртам очи, а потоа и да ги шминкам. За среќа, имав модели за вежбање покрај себе, сестра ми, другарки, роднини, учев од жените од секојдневниот живот.

Колку според Дадар, мажите во Македонија водат грижа за себе и за нивниот стил?

Морам да признаам дека мажите во последно време се навистина многу педантни. Благодарение на Инстаграм, сметам дека многу се подобри стајлингот. Гледаат добри светски примери кои им даваат добри идеи.

Омилен бренд на гардероба?

Постојат голем број на светски брендови кои навистина ги сакам, но ако збориме за брендовите кои се присутни кај нас, дефинитивно ќе го издвојам Bitsiani. Оние кои се облекуваат во Bitsiani знаат дека деталите се клучни за комплетен изглед, па затоа тука можат да добијат интересни идеи како да ги вклучат во своите комбинации на необичен и уникатен начин.

Омилена дестинација на која што си бил и зошто баш таа?

Имам повеќе. Ќе го одвојам Египет како непресушен извор за инспирација. Арапската република Египет е веројатно една од најмистичните земји во светот, доколку сакате да се впуштите во патување кон минатото, не ви е потребен времеплов. Само спакувајте ги куферите и појдете во Египет.

Колку според тебе младите во Македонија имаат храброст да започнат свој бизнис?

Тоа е навистина реткост. Сите сакаат да бидат директори, а не сфаќаат дека мора да го изодат патот чекор по чекор. Тоа е посебно тажна тема. Никој не сака да работи, а се жалат како сите им се криви. И јас имам само две раце и никогаш не сум чекал некој да ми помогне.

Дали е тежок патот до успехот?

Секако дека е тежок. Се што е стекнато преку ноќ и изгледа лесно, најверојатно е краткотрајно и ќе го снема за кратко време. Мора непрестајно да се работи на себе и да се надградува човек. И повторно уште многу да се работи на себе. Не е само што работите, туку како го работите. Да, и да стигнете се на време. Без висока дисциплина и верба во себе не може да се постигне ништо.

5 работи без кои не можеш да си го замислиш денот?

Мое Студио Дадар, кафе, мобилен, туторијали и масажа.

Што преферираш повеќе, бизнис стил или кежуал комбинации?

Кежуал комбинации!

Кој е највиновен за прекрасниот дизајн на твоето ново студио?

Тоа е производ на една специјална соработка со мојата прекрасна архитектка, вистински уметник во својата бранша, Хелена Мојсиќ. Станува збор за навистина талентирана архитектка, која се што има да направи пред себе, го сработува со љубов и огромно внимание. Нејзините вештини знаат да донесат совршено уреден простор кој ги има сите потребни функции.

Што може да се очекува ново од Мое Студио Дадар?

Морам да кажам, дека деновиве, Мое Студио Дадар се подготвува за нешто сосема ново, кое ќе биде вистински хит кај нас. Стануа збор за една нова машина која ќе биде дел од студиото и ќе бидеме први на Балканот.

Фотографиите од интервјуто на Дадар се направени од фотографот, Венко Шереметкоски.

Во продолжение подоле погледнете го прекрасниот дизајн на Мое Студи Дадар.

За авторот

martin