Економија

Amazon го менува светот: Првиот супермаркет без каса и продавачи

Напишано од Нино

Компанијата „Amazon“ го претстави концептот на самопослужување во кој купувачите, благодарение на технологијата за вештaчка интелигенција, ја земаат стоката и заминуваат, не чекајки ред за да платат на каса.

„Amazon“ на својот сајт соопшти дека го тестираше новиот супермаркет во Сиетл, во чија понуда се само основните прехрамбени производи – леб, млеко, сирење, чоколадо, како и јадења „за носење“.

Тој продажен објект засега е достапен само за вработените во таа компанија, а за останатите потрошувачи ќе биде отворен на почетокот на 2017 година.

Концептот „Amazon Go“ на клиентите им нуди да купуваат без чекање во ред на каса, благодарение на апликацијата за мобилни телефони.

Благодрение на таа апликација, купувачот само ја полни кошницата, како и вo било која продавница, а потоа заминува без да плати на кaса.

„Оваа технологија автоматски детектира кога производите се земени од рафтовите и го следи нивниот пат во виртуелната кошница. Кога ќе завршите со купување, можете едноставно да ја напуштите продавницата, а компанијата подоцна ќе ви испрати сметка“, велат од Amazon.

Amazon минатата година исто така во Сиетел, отвори и ваков вид на библиотека, a потоа библиотеките ги прошири и со неколку други обекти во други американски градови.

Доколку тестирањето на оваа продавница во Сиетел се покаже како успешно, тоа ќе изврши голем притисок на бројни компании, супермаркети, најпрвин во САД, а доколку се прошири оваа идеја и на другите континенти, тогаш и во целиот свет.

Denar.mk

 

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)