Најново

Aston Martin лансираше свој велосипед

Aston Martin е компанија која е позната по производство на лускузни автомобили, меѓутоа оваа британска компанија се одлучи да направи нешто поинакво. Станува збор за Storck Fascernario.3 Aston Martin Edition велосипедот кој ќе биде произведен во лимитирано издание. Овој велосипед ќе биде направен само во 77 примероци, што значи дека ќе биде само за оние вистинките љубители.

Направен е од лесни материјали и тежи само 5,9 килограми, додека само рамката тежи 770 грама. И покрај тоа, овој велосипед е доста издржлив и цврст. Една од главните карактеристики на овој велосипед е Nero камелеон бојата која се менува во зависност од светлината.

За авторот

martin