Живееме здраво со Polleo Sport Фитнес

Back to gym! – да се вратиме на здравите навики

Напишано од martin

Од денес започнува кампањата за поттикнување здрав и активен живот на Polleo Sport – Back to gym! Регионалниот лидер во областа на здрава храна, суплементи, спортска облека и фитнес опрема по втор пат ја организира оваа акција која има за цел да ги мотивира луѓето да се вратат на редовното вежбање по летните одмори, преку овозможување поволни услови за купување на производи кои се неопходни за враќање на здравите навики.

„Во рамките на нашето движење „Живееме здраво“ фокусирани сме на секојдневна мотивација и едукација за важноста која здравата исхрана и физичката активност ја имаат за водење на квалитетен живот без болести и прекумерна телесна тежина. Целта на Back to gym! акцијата е да им дадеме дополнителна поддршка на сите оние кои сакаат да почнат или да му се вратат на вежбањето во септември. Затоа обезбедивме одлични цени на дел од нашите производи кои се неопходни за максимизирање на ефектите од физичките активности.“ – објаснуваат од менаџментот.

Акцијата ќе трае до 15.09., вклучува попусти до 40% и опфаќа внимателно избрана група на 21 производ од премиум брендовите кои можат да се најдат во продавниците на Polleo Sport.

А за оние кои сакаат да уживаат во вежбањето во удобноста на својот дом, Polleo Sport нуди решенија со 14 фитнес справи од познатиот бренд Atleticore кои ќе бидат достапни по намалени цени во presale акција – со однапред направена нарачка.

www.polleosport.mk

www.facebook.com/PolleoSportMakedonija

www.instagram.com/polleosport.mk

За авторот

martin