Настани

БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ХОББ УТРЕ ВО SKOPJE CITY MALL

Напишано од martin

Одлична можност за бесплатна и инстантна проверка на Вашата дишна функција!

По повод Светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ 2017 година, кој оваа година се одбележува под мотото Многуте лица на хроничната опструктивна белодробна болест“, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и Здружението на пневмофтизиолозите на Македонија организираат бесплатни прегледи за мерења на дишната функција.

Прегледите ќе се изведуваат утре (15.11.17), во период од 12 до 14 часот на приземјето пред супер маркетот. Со овој настан треба да се испрати порака до граѓаните за важноста на препознавањето на оваа болест, како и за нејзино навремено дијагностицирање и лекување. Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на животот и животниот век на заболените. Еден од најголемите ризик-фактори за појава на ХОББ е пушењето.

Skopje City Mall веќе трета година ја поддржува кампањата и ги повикува своите посетители да направат бесплатен преглед.

 

Скопје, 14.11.2017 година

За авторот

martin