Задолжително

БИОТЕК Лабораторија со бесплатна домашна посета за сите

Напишано од Нино

Зимските денови се период на вируси, грипови и зачестени настинки. Како што опаѓаат температурите, така паѓа и човековиот имунитет. Со тоа се јавува и поголема потреба од лекарска консултација, прегледи и различни испитувања.

Без разлика дали заради лошите временски услови, или немоќ да се напушти домот, многумина одлучуваат да ја одложат лекарската посета која во овој период е неопходна. Токму поради тоа, тимот на Биотек Лабораторија во периодот од 09.01.2017 до 14.01.2017 ќе врши бесплатна домашна посета за сите, со цел да земе материјал за испитување. Понудата важи за територијата на цело Скопје!

БИOTEK лабораторијата претставува прва специјалистичка молекуларна, микробиолошка и биохемсика лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема. Се наоѓа на Ул. Аминта Трети 44, 1000 Скопје, Р. Македонија.

За повеќе информации посетете ја Веб страницата  www.bioteklab.com.mk или јавете се на +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)