Мода

Блузата во V форма се враќа во живот

Напишано од Пјер

Веќе неколкупати сме говореле колку тоа не ја одобруваме блузата со отвор V. Постоиме две ипол години, и до сега ама баш ниеднаш не сме кажале добар збор за овој избор кај мажите со стил. Епа денес дојде тој ден.

Оваа форма на блуза, со V отвор, може да се комбинира на неколку начини, без да изгледате како надвор од сите трендови. Првиот начин, за кој помина сезоната, е блуза со V форма на голо, без долна маица. Вториот избор е на кретивен хипстерски начин, како првите две слики од галеријата (со ролка во контраст боја). А последниот начин, најкорисен според нас, е за формални бизнис комбинации, со кошула закопчана до врат, вратоврска, и секако блејзер/сако. Дали го делите нашето мислење?

Одговорете после галеријата.

За авторот

Пјер