Најново

BMW го претстави M велосипедот

Сите љубители на добрите автомобили, знаат што значи M опремата на BMW. Сите модели кои ја имаат оваа ознака имаат најдобри мотори, најдобра опрема и се најлуксузните модели. Овој пат германскиот производител се реши за нешто поинакво, а тоа е М велосипедот. Целото име на овој велосипед е BMW M Bike Limited Carbon Edition и тој е веќе омилен кај вистинските велосипедисти.

Овој велосипед е направен од карбонски влакна и алуминиум, што значи дека е лесен, но истовремено и доста издржлив. Хидрауличните кочници и механизмот овозможуваат овој велосипед да биде едноставен за возење.

За авторот

martin