Интервјуа Спорт

Со Богдан Богдановиќ на добро позната тема

Напишано од Пјер

Специјалното интервју на дечките од Men’s Health Srbija, со Богдан Богдановиќ, кое заслужи да биде претставено и пред публиката на Friday.mk. Интервјуто е направено пред Европското првенство, и финалето со Словенија, за да нема недоразбирање со позитивните мисли на Богдан 🙂

2017 беше доста успешна за Богдан. Дали се исполнети сите ваши зацртани цели за оваа година?

На крајот од секоја година правам анализа на изминатата сезона. Според мене, тоа е и единствениот начин за да се направи споредба со минатото, и за да се напредува во иднина.Морам да признаат дека оваа година беше една од најуспешните за мене (и второт место на Европско е огромен успех за Србија, кое следи еден месец по ова интервју). Од тимски, па се до репрезентативните настапи, оваа година беше одлична, и е правото место за отскокнување кон новите предизвици и новите амбиции кои следат за мене.

Спортистите често се пофокусирани на приказната за спортот, него за самите себе. Дали сте и вие таков?

Сите спортисти размислуваат на тој начин, кој според мене е правилен, доколку сакате да сте фокусирани на тоа што го правите, и доколку сакате успех на крај од патот. Така да додека јас се занимавам со кошарка, сакам приказната за мене да е поврзана со овој спорт, со мојата игра, со кошарката.

Како го поминуваш денот вон сезоната? Дали колку толку се релаксираш?

Одморот помеѓу сезоните е краток, и нема време за ништо. А доколку сакате навистина да се одморите од напорната сезона, тогаш стварно мора да најдете прав начин за квалитетен одмор и релаксација. За полнење на батериите. Мојот период помеѓу сезоните сакам да го поминувам со најблиските, од кои сум оддалечен во текот на сезоната. Тука најмногу мислам на фамилијата и на пријателите.

Нешто повеќе за вашиот проект со Најк?

Оваа година за прв пат ја почнавме соработката со Најк, наречена Bogdan Bogdanovic Camp. Кошаркарски камп за сите млади таленти од регионов кои себеси се гледаат во светот на кошарката. Оваа година учествуваа 60-тина деца од регионов, кои напорно работеа на жешкото време, и кои според мене имаа видлив напредок на крајот од кампот. Огромна помош добив и од соиграчите, па се надевам дека кампот ќе продолжи со оваа темпо и следната година

Следната година ова време?

Во следниот период имам многу предизвици. Европското првенство (кое веќе е зад нас) и секако NBA и Sacramento Kings. Се надевам следната година овој период ќе правам анализа на мојата прва успешна NBA сезона, за која секој кошаркар сонува уште од мали нозе.

 

 

 

 

За авторот

Пјер