Омилени места

Breadway – Bakery, Juice & Coffee е пекарата каде што храната се гледа како уметност

Напишано од martin

Ако сме по нешто познати како нација, тогаш дефинитивно сме по храната. Во населба Ново Лисиче, на стотина метри од основното училиште Лазо Ангеловски се наоѓа пекарата која донесе вистинско освежување во нашиот град, Breadway – Bakery, Juice & Coffee.

Зошто мора да ја посетите?

Breadway – Bakery, Juice & Coffee е пекарата каде што храната се гледа како уметност. Секојдневно, луѓето од сите делови на Скопје доаѓаат да ги вкусат прекрасните специјалитети приготвени од вистинските мајстори. Тестото претставува совршен миск од крцкаво и меко кое ќе донесе воздишки кај секој оној кој што ќе го проба. Комбинацијата од уникатните вкусови со уметноста на правење, врвните мајстори од Breadway – Bakery, Juice & Coffee совршено ја користат за произведување на специјалитетите за кои сите зборуваат.

Веднаш штом ќе ја посетите пекарата ќе се почуствувате како да сте во некое друго време и друго место, а на рафтовите ќе може да видите секкаков вид на пецива кои може да си ги замислите. Од обичен традиционален бурек до бурек со моцарела и сланина, а од око не може да ви побегнат и топлите ѓевреци и кросани.

Она што ги прави уникатни е дефинитивно нивниот најнов производ гиро во пита со свинско и пилешко месо кој задолжително треба да се вкуси.

Како разгледувате по рафтовите, не може да не ги забележите благите крофни и тарт колачите исполнети со нутела, карамела и разни други вкусови. Во Breadway – Bakery, Juice & Coffee малите крофни и кроасани завршуваат околу 12.00 часот така што или побрзајте или ќе треба да се задоволите со останатите задоволства кои ги нуди.

Покрај превкусните специјалитети во Breadway – Bakery, Juice & Coffee ќе може да уживате и во кафе кое совршено оди со нивните свежи и освежителни смути пијалоци.

За авторот

martin