Водич за готвење

Брз фит рецепт: Протеински колачи од тиква

Напишано од Пјер

Еден од начините на којшто можете да се осигурате дека нема да излезете од рамките на вашиот режим на исхрана е секогаш да имате здрави ужини при рака. Овие протеински колачи од тиква се вкусни, лесни за подготовка и ќе ви помогнат да го зголемите дневниот внес на протеини, витамини и минерали.

Основата на овој рецепт е печена тиква и whey протеин, кокосовото масло и млекото се користат за спојување на смесата, а останатите состојки го збогатуваат вкусот.

Зошто баш тиква? Затоа што има исклучителна нутритивна вредност. Содржи малку калории, само 26 на 100 грама, а благодарение на растителните влакна со кои е богата ви помага подолго време да останете сити. Исто така е одличен извор на здрави незаситени масти, антиоксиданси и калиум.

Совет: Никогаш не ги фрлајте семките од тиквата. Тие се природен извор на протеини, витамини и минерали, особено цинк кој им е потребен на повеќе од 200 ензими во телото за да можат да функционираат правилно, и го зајакнува имунитетот. Семките можете да ги испечете и да ги искористите како додаток во салати, во овесна каша или како здрави грицки 🙂

Протеински колачи од тиква – подготовка

Состојки

100 грама овесни снегулки
150 грама whey протеин со вкус на капучино
1 лажичка цимет
1 лажичка ѓумбир во прав
25-50 мл млеко
100 грама пире од печена тиква
25 грама масло од кокос (стопено)
100 грама темно чоколадо

  • Сомелете ги овесните снегулки во блендер до форма на прав. Додајте whey протеин, цимет, ѓумбир и промешајте.
  • Тиквата иситнете ја во форма на пире, додајте ја во смесата, а потоа додајте млеко и стопено кокосово масло и измешајте додека состојките не се спојат во форма на тесто. Ако смесата ви е многу сува, додајте уште млеко. Ако е многу влажна за да се создаде тесто, додајте малку протеин.
  • Распоредете ја рамномерно смесата во тавче и притиснете ја одозгора со лажица. Потоа оставете ја да се олади во фрижидер најмалку 45 минути.
  • Откако ќе ја извадите од фрижидер, исечете ја во форма на правоаголници. Стопете го темното чоколадо и прелијте ги баровите. Ставете ги повторно во фрижидер да отстојат 10-15 минути и потоа можете да сервирате 🙂

протеински колачи - тиква, whey протеин

Ако смесата ја поделите на 10 протеински колачи, во секој од нив ќе имате во просек по 15 грама протеини, 6 грама масти, 18 грама јаглехидрати и 178 калории.

За авторот

Пјер