Кариера

Брз трик кој ќе ви помогне да не мислите на работата кога сте дома

Напишано од Пјер

Дали често ви се случува, кога ќе дојдете дома после работа, да не можете да ги исфрлите од глава вашите работни обврски? Размислувате што ви кажал шефот, што колегата навистина мисли кога ви упатил критика, кои од обврските не сте ги обавиле…

Постои едноставен трик како на крајот од работниот ден работата да ја оставите зад себе и навистина да се релаксирате кога ќе дојдете дома. Запишете кога точно планирате да ја завршите незавршената задача следниот ден, пишува Бизнис инсајдер.

Во истражувањето на Ball State Универзитетот, учествувале околу 100 лица кои се сложиле дека работата игра централна улога во нивниот живот.

Наредните три дена учесниците пополнувале две истражувања. Едното истражување се однесувало на откривањето на деловната цел која ја оставиле недовршена, односно било што, што го оставиле недовршено. Второто истражување проучувало колку време поминуваат во размислување за таа цел и за работата генерално.

Половина од учесниците добиле задача да направат план како и кога точно ќе ги извршат неисполнетите задачи следниот ден. На пример: „Ќе седнам на бирото во 9 часот наутро и ќе му напишем мејл на клиентот…“. Другата половина не добила инструкции за ваков план.

Резултатите покажале дека меѓу учесниците кои работата им го зазема централниот дел од животот, вежбата со точно планирање помогнала да престанат да мислат за незавршените, но важни задачи на крајот од денот.

Со други зборови, биле поодморени и поподготвени. Ако престанеме да бидеме опседнати со сите работи на нашата листа со задачи кои не сме ги поминале, ќе бидеме попродуктивни следниот ден бидејќи сме му дозволиле на мозокот да се одмори.

Оваа вежба има една мана. Имено, нема да ви помогне да не мислите на работата генерално. Па така ќе морате сами да пронајдете решение за колегата кој е мрзелив или за унапредувањето кое не сте го добиле, односно за генералните проблеми кои ве мачат.

За авторот

Пјер