Задолжително

Целосен водич за комбинирање на старки, од црни до црвени, па се до високи и ниски

Напишано од Нино

Додека се одвива војната во светот на патиките помеѓу Адидас и Најк, еден бренд никогаш не отстапуваод својата политика – Конверс и нивните Старки. Познатиот Американски бренд креира легендарни патики повеќе од 100 години, и секогаш се држи до својот основен дизајн. Конверс останаа имуни на војната со луди модели, која се одвива помеѓу останатите гиганти во светот на патиките, и ние го обожаваме тоа. Од класични, до црвени, високи црни и шарени, старките на конверс секогаш ќе имаат свое место во машкиот (и женскиот) свет на модата. Во продолжение целосна помош за комбинирање со старките.

Како за почеток, имаме неколку совети за најдобро комбинирање на старките, без разлика на мдоелот што сте го одбрале:

1 Држете се до Smart Casual стилот, комбинирајки ги старките со викенд комбинации

2 Slim стилот со старките, оди најдобро со slim-cut или skinny панталони

3 Бели старки во лето, и црни во зима

4 Конверс со шорц за кул изглед

5 Редовно чистете ги старките за нивен целосен сјај

tips-for-wearing-converse

Сега одиме со неколку предлог модни комбинации на старките. Фокусот е ставен на белите и црните модели. Имаме комбинација од бело и црно, ниски бели, високи бели, ниски црни, високи црни, и нам омилените црвени. Ќе видите дека белите, без разлика дали се ниски или високи, се носат претежно во топлите месеци од годината, и се комбинираат со се и сешто. Со црните е малку поразлично, затоа што истите неможе да се комбинираат со многу светли фармерки или каки панталони, и изгледаат премногу оштро на весели бои. Со нив најдобро оди хипстерската мода, темните стилови, и откачениот изглед. Кај црвените пак, наш совет е комбинации со посветлни класични фармерки, и каки чино панталони. Креативен изглед кој секогаш изгледа перфектно. Во продолжение галерија која ќе ви даде безброј инспирации.

Black & White Converse

 black-and-white-converse-sneakers

High Top All Black Converse

all-black-converse

Red High Top Converse

red-high-top-converse

White High Top Converse

white-high-top-converse-sneakers

White Low Top Converse

white-low-top-converse-sneakers

Black Low Top Converse

black-low-top-converse

Converse комбинации со кратки шорц панталони

converse-with-shorts

За крај, мини видео за тоа како да ги чистите познатите старки, за нивниот сјај засекогаш да го освежува вашиот кежуал стил

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)