Луксуз

Часовници за љубителите на Porsche автомобилите

Напишано од martin

Goodwood Festival of Speed за многумина е рајот на земјата. Тоа е местото каде што ќе може да се видат најдобрите супер автомобили во светот како што е новото Porsche 911 GT2 RS. Овој модел официјално беше претставен на овој фестивал во друштво со два Porsche Design часовници.

Овие часовници и брзи автомобили навистина одат еден со друг, што значи дека на било што и да видите лого од овој бренд, мора да е за внимание. Оваа година брендот го претстави 911 Turbo S Exclusive Series со опција да го добиете Porsche Design Chronograph 911 Turbo S Exclusive Serie часовникот. Часовник со кожно каифче кој идеално одговара со седиштата во автомобилот.

Потенцијалните купувачи исто така треба да го видат и куќиштето од црн титаниумски карбид, кој ќе биде понуден и на Turbo S возачите. Новиот 911 GT2 RS од друга страна доаѓа со црно алкантара кожно каифче кој исто така одлично се вклопува со седиштата.

Кога станува збор за механизмот, Porsche Design Caliber Werk 01.200 има црн изглед.

За авторот

martin