Троши

Часовник на неделата – Tissot Ballade

Напишано од martin

Tissot е бренд на часовник кој е доста ценет низ светот, а овој часовник кој ќе ви го претставиме денеска не е исклучок. Ballade моделот е варијација на Powermatic 80, кој нуди сертифицирано хронометарско движење. Ние сме големи љубители на Powermatic 80 серијата веќе долго време, тие се екстремно погодни за носене, може да се најдат по разумни цени и се со убави движења на работното тело.

Ballade веќе долго време се фокусира на долгата историја на компанијата во создавање на антимагнетни часовници, нешто што се протега до 1930-тите, кога производителите почнаа да користат не-магнетни материјали во своите движења.

Овие нови модели навистина се еден чекор понапред од останатите Powermatic 80 модели. Сите тие имаат куќиште од нерѓосувачки челик (некои со PVD обложувања од злато) и се разликуваат по големина (30.6mm за женскиот модел и 39mm за мажите).

Стандардното Powermatic 80 автоматско движење се карактеризира со 80-часовна резерва за моќност и е опремено со силикон за да стане поотпорна на магнетизам. Таквиот силикон најмногу се користи на луксузни часовници, и самото тоа на часовникот му дава поголема ексклузивност.

Часовниците Tissot Ballade може да ги најдете само во салоните на Божиновски часовници и накит.

За авторот

martin