Водич за готвење Живееме здраво со Polleo Sport

Cheat meal кога се дефинирате ? Да или не ?

Напишано од Нино

Кога станува збор за строг режим, т.е диета често се појавува прашањето – дали е добро да се има cheating во одредено време на диетата, да или не ? За да се одговори соодветно на ова прашање, треба да ги погледенем двата аспекта на диетата – квалитетниот и квантитетниот, како и психолошкиот  и физичкиот кој секој од нив го предизвикуваат.

Диета, режим – за што всушност збориме ?

Дефиниција според речник за диета е – “ Да се јаде и пие повремено според одредени правила” или “контролиран внес на храна за козметички причини или намалување на телесна тежина”.

Како и да е, овие дефиниции не ни кажуваат ништо за квалитетниот и квантитетниот дел од диетата; квалитетниот и квантитетниот дел и нивните последици. Во секојдневниот жаргон, со зборот диета конкретно се мисли за некој кој јаде помалце калории  (квантитативен аспект) од вообичаено и јадењето на “специфична” храна (квалитетниот аспект).

d5aedd8eaaa938e50881aa500aa4e8b3

Сепак, кога се зимаат во предвид последиците од cheating (формално попознато како константност/неконстантност) и пробувајќи да се објаснат добрите и лошите страни, важно е да се прави разлика помеѓу овие аспекти на диетa:

  • Калориска рестрикција

Кога го намалуваме калорискиот внес, нашето тело одговара на тој начин што го успорува базалниот метаболизам, и исто така намалување на физичката активност. Ако намалувањето на калории е многу рестриктивно, нашето тело влегува во фаза на “изгладнување”, кое е спротивно на било кој напор за губење на масти.

  • Рестрикција на одредена храна

Една диета најчесто има листа има експлицитна (или имплицитна) листа на храна која се препорачува. Јадењето на одреден вид на храна има повеќе психичко влијание, особено ако не ја сакате храната која е дел од вашата диета.

  • Различни типови на Cheating

Кога би погледнале на калориската рестрикција и специфичната храна одделно, би забележиле дека има 3 вида на cheating (мамење) за време на диета:

  • Јадењето на повеќе калории од “диетската” храна = квантитативно мамење
  • Јадењето на забранета храна, но сепак во рамките на вашиот калориски потребен внес = квантитативно мамење
  • Јадењето на забранета храна и надминување на вашиот дневен калориски внес = двојна голема грешка
Интересно:  Време е за нова ТРЕНИНГ ПРОГРАМА – 4 дневен неделен сплит за мускулна маса!

 

11407084_800402130074802_3448717237778957217_n
Константноста/неконстатноста за време на диета нема врска со yo-yo ефектот!
Пред да продолжиме, да разјасниме дека дискусијата околу мамење (cheating) за време на диета не треба да се помеша со yo-yo ефектот (исто така наречен циклусно менување на тежината; кога една личност постојано губи и додава тежина). Yo-yo ефектот дефинитивно има штетни ефекти, поготово психолошки.

Можни бенефити и ризици од cheating за време на диета ?

Дозволете си малку флексибилност за време на некој викенд, празник за да си овозможите психолошки одмор и да ја намалите досадата од едноличната храна, и ќе ви овозможи подолготрајно да бидете на диета. Како и да е, флексибилноста исто така може да го зголеми ризикот за “ризични ситуации”, можност за губење на контрола над храната. Ова е посебно точно за зависните личности.

ЗАКЛУЧОК

Дали мамењето за време на диета ќе направи штета или позитивен ефект врз вашиот напредок зависи од вашите лични склоности и причината поради која правите cheating.

Од биолошки аспект, кога правите квантитативен cheating, т.е јадењете на поголема количина од “добрата диетска храна”, може да има позитивен ефект.

Кога станува збор за друг вид на cheating, последиците се повеќе од психолошко потекло. Ако имате карактер кој е склон кон зависности, не ни помислувајте на cheating. Запомнете, најдобриот лек кон завист е комплентна апстиненција.
Ако немате таков карактер, а сепак имате доста масти да изгубите, во ред е да направите квантитативен или квалитативен cheating за време на викенд, кога јадете храна која е “забранета”, но сепак тоа да биде во вашиот калорски дневен оспег. Но ова може да го правите ако чувствувате дека ќе ви помогне да изржите подолго време на диета.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)