Кариера

Дали колегите ве искористуваат?

Напишано од Пјер

Доколку не можете да процените дали вашите колеги ве искористуваат, еве неколку знаци кои ќе ви покажат дека сте искористени на работа.

1. Многу пати ви се обраќаат

Дали некогаш сте му помогнале на некого не очекувајќи ништо за возврат? Имајте на ум дека луѓето можат да ја искористуваат вашата добрина, а доколку на работното место повеќе пати ви се обраќаат за услуга, треба да ви биде јасно дека ве искористуваат.

2. Ви даваат комплименти

Кога ќе слушнете дека сте најдобри и дека вие најдобро би ја сработиле таа работа, треба да ви биде јасно дека тие можеби не се искрени и само ви се додворуваат бидејќи сакаат нешто од вас.

3. Знаат дека не можете никого да одбиете

Сакате со сите да бидете во добри односи и затоа ви е тешко да кажете не. Доколку често ја работите туѓата работа, луѓето ќе престанат да ве ценат и сфаќаат сериозно.

4. Секогаш вие плаќате

По доручекот, ручекот, секогаш вие плаќате. Тоа е знак дека колегите ве искористуваат и не треба да ви биде непријатно да побарате од нив со вас да ја поделат сметката, или по долгото плаќање од ваша страна да им укажете дека сега тие се на ред да платат.

5. Вие не барате, а тие не даваат

Веројатно сте се нашле во ситуација да ви биде непријатно да побарате нешто што всушност е ваше. Немојте да премолчите бидејќи така ништо нема да добиете, туку ќе го изгубите и она што е ваше.

За авторот

Пјер