Задолжително

Дали знаете кој беше најдобар трговски објект за 2017 година во категоријата на бутици во Македонија?

Напишано од martin

Македонската мултибренд продавница City Fashion, која ги нуди врвните колекции од најпознатите светски брендови како што се: Pierre Cardin, Armani Jeans, EA7 Emporio Armani, Lagerfeld, JOOP!, Antony Morato, FAbbi, Roberto Botticelli се закити со награда/признание од Град Скопје за најдобар трговски објект во категоријата бутици. Град Скопје и Агенцијата Свот Рисерч (SWOT Research) по единаесетти пат извршија избор за најдобри трговски објекти, активност која што и оваа година се реализира во рамките на проектот „Месец на трговијата”.

Oва е навистина големо признание и за нас како застапници на едни од најпознатите светски брендови во Македонија но и за самиот наш бренд City Fashion. Наградата е само потврда за нашата упорна работа и желба на нашите клиенти да им обезбедиме гардероба со врвен квалитет – изјави Ненад Атанасов, сопственик на City Fashion.

Продавниците на City Fashion во Македонија се наоѓаат во Скопје Сити Мол на први кат и ГТЦ приземје, спроти Жена парк, како и  City Fashion OUTLET kој се наоѓа во ТЦ Беврли Хилс ниско приземје. City Fashion успешно го носи статусот на префинето, елегантно, модерено и уникатно место.

За авторот

martin