Љубов Фитнес

Дали знаете што е коргазам?

Напишано од Пјер

Дали некогаш сте доживеале коргазам? Не правиме муабет за оргазам, туку за коргазам. Епа научниот феномен коргазам најчесто се доживува за време на core вежбите на телото. Професорката Debi Hebenik, стручно лице за секс дел од редакцијата на Men’s Health, голем дел од своето време посветила на овој вид на оргазам, што не се доживува за време на сексуален однос. Интересно е што она открила дека дури 10%  од луѓето, без разлика на полот, имаат доживеано коргазам.

Мажите најчесто доживуваат коргазам за време на тренинзите поврзани со згибови, кревање тегови, пентарење на јаже и трчање. И не, ова не значи дека мора да доживеете ерекција за време на коргазмот, дури не треба ни размислување на теми поврзани со сексот. Научниците сеуште размислуваат како е ова можно. Според некои теории, најверојатно станува збор за стимулирање на некои внатрешни делови на телото, кои се поврзани со оргазмот. Уште една плус причиња за секојдневниот тренинг!

За авторот

Пјер